Контакт

Надворешна политика

ЕК: Јункер стои зад заложбите за решавањето на кризата во Македонија

Објавено пред

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, стои зад еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан во однос за заложбите за решавањето на политичката криза во Македонија, соопштиле од Комисијата.
 

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, стои зад еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан во однос за заложбите за решавањето на политичката криза во Македонија, соопштиле од Комисијата.

 

„Претседателот Јункер стои зад сите 27 членови на неговиот Колеџ“, изјавил портпаролот на Јункер, Маргаритис Схинас, јавува во вторникот дописникот на МИА од Брисел.

Портпаролката на Хан, пак, Маја Коцијанчич, посочила дека официјален Брисел очекува политичките лидери во земјата да се однесуваат одговорно кон граѓаните.

„Она што можам да го кажам, најверојатно веќе го знаете. Ние продолжуваме да ги повикуваме политичките лидери во Македонија, во интерес на земјата и на граѓаните, итно да најдат одржлив политички компромис и да истапат со конкретен предлог што ќе помогне да се реши, односно да се најде решение за кризата којашто сé уште е во тек“, истакнува Коцијанчич.

Според информациите од ЕК, неделава се очекува да продолжи дијалогот на четворицата политички лидери во нашата земја (Груевски, Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети) со посредство на амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли. Доколку се постигне некаков договор, Комисијата ги чека лидерите да се вратат во Брисел, па дури и идната недела истиот да го парафираат во придружба на комесарот Хан./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев и Саливан телефонски разговараа за договорот од Преспа и напредокот кон НАТО

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, денеска, оствари телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Џон Саливан. Заев во разговорот ја изрази благодарноста на Владата за силната поддршка на САД за време на целиот процес на спроведување на договорот од Преспа и го запозна со активностите во врска со спроведувањето на обврските од конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно од договорот со Грција, соопшти Владата.

Двајцата соговорници за време на телефонскиот разговор се согласиле дека успешниот епилог на договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е од исклучително значење за двете земји, но и за регионот.

,,Премиерот Заев истакна дека Република Северна Македонија останува на својот долгорочен и стратешки интерес за дополнително развивање и проширување на односите меѓу двете земји, особено во делот на економските релации.

Заев и заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Џон Саливан, ги споделија заемниот интерес и определбата двете земји да останат посветени на прашањата за мирот и стабилноста на земјата и на регионот и во таа насока заменик-државниот секретар на САД, Саливан, ја изрази својата постојана поддршка за преспанскиот договор и истакна дека со нетрпение чека да ѝ посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров со високи советници во комисијата за надворешна политика на Сенатот на САД

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска оствари средба со стафери на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Соединетите Американски Држави, предводени од директорот Крис Соча. На средбата беше разговарано за унапредување на партнерските односи меѓу двете земји и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија.

Соговорниците го поздравија потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, истакнувајќи дека решавањето на долгогодишниот спор со Грција претставува позитивен пример како треба да се решаваат отворените прашања во регионот. Во оваа насока, беа разменети мислења за процесот на ратификација во американскиот Сенат.

Министерот Димитров се заблагодари за континуираната поддршка на САД, особено на Сенатот, кој игра значајна улога во креирањето на надворешната политика на САД, за остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија. Воедно, се заблагодари за неодамнешната резолуција поднесена во Сенатот на САД, во која се оценува дека со постигнувањето на договорот со Грција се придонесува кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион и се дава дополнителна поддршка за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бајден во Минхен: Се радувам на денот кога Северна Македонија ќе стане еднаква со другите сојузници во НАТО

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев во делот на својата агенда од учеството на Минхенската конференција за безбедност, се сретна со поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Како што информираат од владината прес-служба, Бајден упатил силни честитки за статусот поканета земја во НАТО и изразил цврста подготвеност да ја поддржи ратификацијата на Протоколот во американскиот конгрес, како и да ги охрабри парламентарните претставници на другите земји членки на НАТО, истото да го направат колку што е можно побргу.

Поранешниот потпретседател на САД нагласил и дека успехот на Република Северна Македонија е успех и на политиките на САД и на Европската Унија и дека се радува на денот кога ќе биде заокружена ратификацијата на Протоколот и кога Северна Македонија ќе стане еднаков по важност партнер со другите сојузници во НАТО.

Двајцата соговорници на средбата ги потврдиле и идните перспективи за соработка меѓу САД и Република Северна Македонија во повеќе области, со посебен нагласок на прашањата од заедничките безбедносни политики.

Премиерот Заев и членовите на владината делегација – министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на средбата ја изразиле својата и благодарноста на граѓаните за поддршката што низ целиот процес на решавање на спорот со Грција доаѓал од страна на САД и нивните највисоки претставници.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата. Words...

Европа8 часа

(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според...

Македонија8 часа

Ѝ се слоши на обвинетата Стефановска – судењето за „Титаник 2“ одложено

Од 11 до 18.30 часот, со две паузи, траеше денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник 2“. Денеска требаше да...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија9 часа

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата...

Македонија9 часа

(Видео) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток11 час

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија11 час

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија11 час

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија13 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија14 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија14 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија15 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија15 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток16 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток16 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ16 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет17 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија17 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет18 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет18 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Досие