Контакт

Надворешна политика

ЕК очекува да се усвојат итните реформи

Објавено пред

Европската комисија во среда го поздрави продолжувањето на дискусиите меѓу лидерите на најголемите политички партии во Македонија и посочи дека е важна имплементација и адресирање на листата итни реформи што неформалната Влада на Европската унија ги побара минатата седмица од македонската држава.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, го потврди ставот на официјален Брисел дека има надеж од продолжувањето на дијалогот за ставање крај на политичката криза во Македонија и оти итните реформи што ги побара ЕК е најважно да се решаваат, јавува МИА. „Она што можам да го кажам е дека го поздравуваме продолжувањето на дискусиите на лидерите на политичките партии во Македонија, вклучително и имплементацијата на препораките што ЕК ги претстави и се однесуваат на договорот од 2-ри јуни. Ние очекуваме конкретни резултати од овие разговори во блиска иднина. Знаете дека комесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, изрази подготвеност да посредува и тоа останува случај, а и разговорите се случија во присуство на амбасадорот на ЕУ“, истакна Коцијанчич. Портпаролката на ЕК, исто така, потенцира дека во оваа фаза од политичките дискусии во Македонија, нема потврдена можна посета на комесарот Хан на земјата.Во понеделникот се одржа лидерска средба меѓу претседателите на четирите најголеми политички партии во земјата, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на која било договорено во скоро време да биде одржан нов состанок на кој ќе се дискутира за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите. /крај/мф/ффс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не...

Македонија9 часа

Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија...

Македонија10 часа

100 дена протести во Љубојно: Жителите бараат запирање на сечата на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат...

Македонија14 часа

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија17 часа

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија18 часа

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија18 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејства, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија18 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија19 часа

Почна пријавувањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион19 часа

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа20 часа

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: многу населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион20 часа

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет21 час

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет21 час

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион21 час

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија1 ден

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија1 ден

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион1 ден

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...