Контакт

Надворешна политика

ЕП од политичките партии очекува целосно спроведување на Договорот од Пржино

Објавено пред

Европскиот парламент (ЕП) ја поддржува европската иднина на Македонија, но истовремено порачува дека политичките партии во земјата не треба да трошат време и да штедат напори за спроведување на Договорот од Пржино.

dobivaj vesti na viber

Европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит во вторникот во Скопје порачаа дека во моментов од најголемо значење е сите политички актери во Македонија да се фокусираат кон целосното спроведување на политичкиот договор.

„ЕП покажува постојан интерес за Македонија и во иднина ќе го прави тоа, важно е Македонија да има европски пат и да се задржи на него. Во периодот што помина се направија важни работи, политичките партии покажаа дека можат да соработуваат и да постигнат консензус. Од состаноците, сепак, можеме да видиме дека сé уште постојат разлики и гледишта околу брзината на реформите и околу некои останати забелешки. Посакуваме поголема транспарентност во медиумите и медиумска слобода, може многу да се направи и да се преземат многу конкретни чекори во претстојниот период за да се подобри состојбата во медиумите. Од другите прашања за кои разговаравме, тука беа и изборите и изборниот процес. Очекуваме дека Македонија ќе продолжи по патот на реформите, бидејќи тие само што започнаа. Времето мора да се искористи рационално и партиите мора ги имаат предвид главните интереси на земјата“, изјави словенечкиот европратеник и известувач за Македонија во ЕП, Иво Вајгл.

Според неговиот сограѓанин и исто така европратеник Едуард Кукан, најважната порака е дека Европарламентот сака Македонија што поскоро да излезе од политичката криза во која веќе предолго се наоѓа.

„Се надеваме дека Македонија ќе се развива на својот евроатлански пат. Имавме интензивни разговори со претставниците на партиите, граѓанското општество, претставниците на ДИК, Специјалното обвинителство и сите останати важни актери, ги понуднивме нашите услуги за да може што поскоро да се изнајде решение за земјата да излезе од политичката криза која веќе предолго е тука, и да направи вистински напредок за остварување на европските цели. Имаме добра основа за ова, а тоа е Договорот од Пржино, важно е тој сега да се имплементира, и тоа ќе го отвори патот напред, и сметам дека треба да е патриотска одговорост на партиите да се погрижат ова да се случи. Искрено се надеваме дека и покрај тоа што состојбата е сложена, договорот ќе се имплементира и земјата ќе се движи напред“, порача Кукан.

Британскиот европратеник Ричард Ховит, пак, изјави дека доколку спроведувањето на Договорот течело како што треба, тие немало да бидат во земјата, порачувајќи дека единствената иднина на земјата е преку целосното спроведување на овој политички договор.

„Неделава ќе видите комбиниран дипломатски напор од ЕУ, приајтелите во САД, од нас директно во ЕП а подоцна неделава и од ЕК и еврокомесарот Хан. Секој од нас го кажува истото на овдешните политичарите, а тоа е дека единствената иднина е преку целосната имплементација на Договорот од Пржино. Тој не е целосно имплементиран, инаку немаше да бидеме тука. Тоа мора да ја вклучува и оставката на премиерот, како и структурните реформи и сите останати делови од договорот. Порачуваме дека мора да има кредибилни проверки на теренот во пресрет на изборите. Мора да се направат долгорочни измени, но и краткорочните измени би направиле доста за да имаме фер терен за одржување на избори. Сакаме целосна посветност на работните групи, дури и за време на изборите, бидејќи сме загрижени дека во клучните области нема напредок, или пак има назадување“, рече британскиот европратеник.

Ховит, исто така, изрази загриженост поради она што го чул од поглед на досегашната имплементација на Договорот.

„Сакаме да изразиме загриженост од она што ни го кажа Специјалната обвинителка, односно дека таа се соочува со препреки во своето работење и сметаме дека треба да ѝ се овозможи целосна автономија во работењето. Исто така, претседателот на ДИК ни рече дека за да постигнат обврските од пржинскиот Договор ќе биде потребен и одреден степен на `импровизација`, а ова за нас е загрижувачки во поглед на кредибилитетот на изборите. Исто така, сметаме дека целосното почитување на Договорот од Пржино може да им помогне и на шансите за решавањето на спорот за името, ние веруваме во ова. Но доколку се случи спротивното, тогаш препораката за почетокот на преговорите ќе биде неизвесна“, наведе Ховит.

За време на својата дводневна посета на Македонија, Вајгл, Кукан и Ховит во понеделникот остварија средби со претставниците на најголемите политички партии во земјата, а во вторникот се сретнаа и со членовите на ДИК, како и со специјалната обвинителка Катица Јанева. Посетата на тројката европратеници доаѓа како најава за посетата на еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, кој земјата ќе ја посети во петок./крај/мф/бс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ8 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија10 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија11 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура12 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија13 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија14 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија16 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија16 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет18 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет18 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет18 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија18 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа18 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...