Надворешна политика
Европратеници сметаат дека за состојбата во Македонија одговорностa паѓа и на ЕУ
Сегашната безбедносна и политичка состојба во Македонија е последица на долгото одложување на започнувањето на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ), оцениле европратениците Арно Данжан и Едуард Кукан, пренесува МИА.
Францускиот пратеник Данжан, кој инаку е експерт за состојбите во западен Балкан, во Стазбур изјавил дека Македонија не се соочува со безбедносен проблем, туку со политички проблем.
Време е одреден број европски и други земји да преземат одговорност за состојбата во Македонија, истакнал францускиот пратеник за време на дебата во Европарламентот која се однесувала на кризата и политичката состојба во Македонија.
„Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година. Десет години подоцна, преговорите се уште не се отворени, иако тоа требаше одамна да се случи. Предизвиците со кои се соочуваме во Македонија воглавно потекнуваат од овој проблем“, навел Данжан, притоа отфрлајќи ги неодамнешните „теории на заговор“ против Македонија.
„Не можам повеќе да слушам да големите теории на завери кои ја поврзуваат кризата во Македонија со конфронтациите меѓу Истокот и Западот, конфронтацијата меѓу САД и Русија или со етничките тензии помеѓу Македонците и Албанците“, рекол Данжан, истакнувајќи дека „Македонија се соочува со проблеми од политичка природа“.
Европратеникот Едуард Кукан, исто така, верува дека ЕУ сноси одговорност за неодамнешните случувања во Македонија.
„Не може да биде корисно за држава која е кандидат веќе осум, девет години, постојано да и се говорат истите работи повторно и повторно, но со различни зборови во годинешните извештаи. Тоа не е корисно за владејачката политичка елита во Македонија и тоа не е причина за ентузијазам“, истакнал Кукан, додавајќи дека нападот во Куманово само ја истакнува потребата проблемите да се решат преку отворањето на преговорите со ЕУ.
„Трагичните случувања во Куманово само ја нагласуваат потребата за Европа да го реши ова прашање, односно да ги третира посериозно, доколку не може да ги реши. Европа е сериозно одговорна во врска со ова прашање“, навел Кукан./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.