Контакт

Надворешна политика

Greek Reporter: Политиката закопана во гробницата во Амфиполис и Македонија

Објавено пред

Како што минува времето, мистеријата за гробницата во Амфиполис останува нерешена, а се појавуваат нови прашања и теории на заговори, пишува Greek Reporter.

dobivaj vesti na viber

 

Прашањето „кој е закопан таму“ сега се претвори во прашањето „зошто сега а не порано“, а јавноста е бомбардирана од секаков вид на теории и лични мислења.

 

„Обратниот оптимизам“ на грчкиот премиер Андонис Самарас се интепретира на многу начини. Всушност, ова звучи и сомнително, имајќи го предвид тонот на неговите изјави по првичната посета на гробницата. Како што ископувањата и откритијата стануваа се понејасни, така и тој тон се намали, а претходниот оптимизам се замени со непријатна тишина, стои во текстот на Greek Reporter.

 

Сепак, откривањето на големиот споменик може да има политичко и историско значење, особено во поглед на тајмингот и на локацијата. Додека се повеќе археолози се сигурни во тоа дека во гробницата лежи член од фамилијата на Александар Велики, нашите северни соседи ПЈРМ брзаат да постават восочни фигури од Александар Велики и Филип Втори во скопскиот Археолошки музеј. И воопшто не доаѓа како изненадување тоа што Скопје бараше да учествува во ископувањата, бидејќи Амфиполис е дел од Македонија, но Атина го одби ова, потсетува Greek Reporter.

 

Последните очајни напори на Скопје да ја направи Македонија своја „татковина“ и да го направи Александар Велики нивен предок, се совпаѓа со нивните напори да го добијат спорот со Грција. Посредникот на ОН, Метју Нимиц во моментов ги притиска двете земји да дојдат до заедничко прифатливо решение за името. Грција веќе ја загуби битката околу терминот „Македонија“ во името, а грчките политичари сега се мачат за да му додадат географска одредница на терминот „Македонија“, пишува Greek Reporter.

 

Нимиц наводно му го предложил името „Горна Македонија“ на премиерот Никола Груевски по октомвриската посета на земјата, а посредникот на ОН наскоро ќе има состанок со двете страни во Њујорк, во обид уште еднаш да го реши овој спор, стои во текстот.

 

Замислете што би се случило доколку гробот во Амфиполис му припаѓа на некој важен член од фамилијата на Александар Велики. Заедно со гробот на Филип Втори во Вергина, гробницата во Амфиполис ќе биде понатамошен доказ дека Македонија 100 процентно им припаѓа на Грците, а Грција ќе влезе во преговорите со уште еден преговарачки аргумент, смета Greek Reporter.

 

Нажалост, нашите НАТО и ЕУ сојузници отворено го поддржуваат членството на ПЈРМ во евроатланските институции. Поранешниот грчки премиер, Костас Караманлис наводно беше „избркан“ од грчката премиерска функција откако и кажа „не“ на ПЈРМ за членството во НАТО во 2008 година. Исто така, германската канцеларка Ангела Меркел сака да ја прифати ПЈРМ во ЕУ, а исто така имаше тврдења дека грчкиот амбасадор во Германија токму поради ова прашање си поднел оставка, пишува Greek Reporter.

 

Според ова, не би било погрешно доколку постојат сомневања оти НАТО и ЕУ вршат притисок врз Владата на Самарас да ги одложи ископувањата додека траат преговорите меѓу Атина и Скопје. Сомнително е и тоа што археолозите знаеле со децении за оваа гробница, но не пристапиле порано кон ископување на истата. Фактот што работите досега чинеа само 590 илјади евра (од кои 250 илјади се донации) е исто така сомнително, а Грција досега била далеку подарежлива за помалку значајни откритија.

 

Одредени анализи велат дека гробницата во Амфиполис се користи за да не дојде до ескалација на испадите на грчките националисти уште од раните 90-ти, кога за прв пат се појави проблемот со Скопје. Се вели дека и владите на ПАСОК, а потоа и на Нова Демократија го намалиле финансирањето за ископувањата во таа област. Дури и за време на големиот просперитет на Грција, многу малку средства се одвојувале за ископувањата во Амфиполис, а Костас Симитис, кој беше премиер од 1996 до 2004-та година, целосно ги сопре ископувањаа во оваа област, кои потоа повторно започнаа во 2009-та година, по голем притисок од археолозите, коментира Greek Reporter.

 

Што се однесува до првичниот ентузијазам на грчката Влада, тоа беше соодветно одвлекување на вниманието на грчкиот народ во време кога беше воведен новиот данок на имот, и кога Нова Демократија спроведуваше изборни анкети, заклучува Greek Reporter./крај/мф/бс

 

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ2 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија3 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија5 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија5 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ5 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија5 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија5 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет7 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа7 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет9 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет9 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет9 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет9 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа9 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија19 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет20 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет22 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет23 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...