Контакт

Надворешна политика

Груевски: Не го оправдувам нити нелегалното поставување на спомен плоча, нити начинот на кој Неделковски се справи со овој чин

Објавено пред

Во врска со настаните поврзани со плочата на Кајмакчалан не можам да го оправдам ниту нелегалното поставување на спомен плоча од војници од друга држава кои нелегално ја поминале границата и нелегално поставиле спомен плоча во Македонија, ниту пак начинот на кој новинарот Миленко Неделковски решил индивидуално и со чин кој генерира негативна енергија и омраза да се справи со овој чин, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот фејсбук профил, коментирајќи ги случувањата кои во последниве недели ги затегнаа односите меѓу Македонија и Бугарија.
 

dobivaj vesti na viber

Во врска со настаните поврзани со плочата на Кајмакчалан не можам да го оправдам ниту нелегалното поставување на спомен плоча од војници од друга држава кои нелегално ја поминале границата и нелегално поставиле спомен плоча во Македонија, ниту пак начинот на кој новинарот Миленко Неделковски решил индивидуално и со чин кој генерира негативна енергија и омраза да се справи со овој чин, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот фејсбук профил, коментирајќи ги случувањата кои во последниве недели ги затегнаа односите меѓу Македонија и Бугарија.

 

„Со оглед на тоа дека се работи за голем историски настан, со учество на 1.200.000 војници од двете страни – Бугарија и Србија, во чиј состав имало и огромен број Македонци, некои како доброволци, некои со присилна мобилизација, а најмногу од нив околу 33 илјади биле во 11-тата бригада на бугарската армија, која била бригада составена од борци на ВМРО, поранешни комити и војводи, сосема нормално е за таков историски настан, кој во западната историографија е именуван како Македонски фронт, да има спомен обележје. Доколку Србија има своја спомен плоча на таа локација, не гледам причина доколку и Бугарија побара на легален начин поставување на нивна таква плоча да не се дозволи. Двете држави се наши соседи со кои имаме многу испреплетени истории и не постои причина да бидат различно третирани кога станува збор за поставување меморијални обележја од ваков тип, особено затоа што се надвор од населени места и никому неможат да попречат“, смета Груевски.

Според него, проблемот требало и треба да се решава институционално, а не на начин кој ќе создаде проблеми, гнев, омраза и меѓусебни обвинувања. „Бугарија е наш сосед со кој имаме многу заеднички работи низ историјата и треба да се трудиме историјата да не зближува, а не да не оддалечува. Македонија е место каде се случувале многу крупни историски настани и битки во годините пред да се создаде нашата држава“, потенцира Груевски.

„Мислам дека освен што Република Македонија треба да дозволи по институционален пат Република Бугарија да постави своја плоча на тоа место, доколку тоа го побара, потребно е и нашата држава на најзначајните такви точки да постави и свои државни обележја. Тоа се можеби 5-6 места главно вон населени места, кои треба да се одбележани независно што тие битки биле во време пред раѓањето на нашата држава Република Македонија. Најмалку затоа што во сите тие битки гинеле и многу Македонци, многу наши предци и многу пати судбината се поигрувала со нив, соочувајки браќа Македонци од двете страни на фронтот еден против друг. Едни војувајќи за бугарска, другите за српска или грчка, турска или некоја друга армија, независно дали тоа го правеле доброволно заради некој свој идеал, убедување, цел, надеж или замисла или пак присилно се нашле таму. Но и заради почит кон загинатите војници Бугари, Срби, Грци, Власи, Турци, Французи, Германци и други војници и почит кон нивните држави и нации, и нивните наследници и семејства“, додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе дадам еден позитивен пример. Општо познато е дека во двете светски војни, Германија има убиено многу Французи, а и огромен број германски војници се загинати на територијата на Франција. Денес овие две земји се сојузници и пријатели во Европа, а ниту едно парче камен не фали од гробовите на над 760.000 германски војници од Првата светска војна кои почиваат во Франција. Ваквите примери треба да ни бидат цел како треба да живееме и да градиме иднина исполнета со соработка, уважување, помагање и заеднички успеси. Впрочем тоа е и носечкиот идеал на Европскиот мировен проект чиј дел сакаме да биде и Република Македонија“, заклучува Груевски./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија7 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија7 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија9 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија9 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет10 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет10 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија13 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија14 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија1 ден

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија1 ден

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија1 ден

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија1 ден

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија1 ден

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 дена

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 дена

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет2 дена

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет2 дена

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...