Надворешна политика
Груевски – Ринкевичс: Македонија и Летонија имаат традиционално добри односи
Премиерот Никола Груевски во саботата во Охрид оствари средба со министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс, на која двајцата ги констатираа традиционално добрите и пријателски односи, карактеризирани со стабилна политичка соработка и со расположлив потенцијал за интензивирање на соработката во повеќе други сектори и области, како што е економијата, трговската размена, културата итн.
Премиерот Никола Груевски во саботата во Охрид оствари средба со министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс, на која двајцата ги констатираа традиционално добрите и пријателски односи, карактеризирани со стабилна политичка соработка и со расположлив потенцијал за интензивирање на соработката во повеќе други сектори и области, како што е економијата, трговската размена, културата итн.
Груевски посочи дека ваквите посети и средби претставуваат добар импулс за зајакнување и продолжување на меѓусебните односи и се од значење за градење на пријателство засновано на меѓусебно почитување и соработка.
„Латвија ги поддржува евроатланските интегративни процеси на Македонија при што очекувам таквата поддршка да продолжи и за време на латвиското претседателство со ЕУ кое започнува од првата половина на наредната година. Соработката на тој план е значајна за Македонија и целиот регион во актуелниот контекст по европските избори и формирањето на новите институции на Европската унија. На тој план Република Македонија продолжува со активен и конструктивен пристап и исполнување на реформите и критериумите во насока на евроинтегративните процеси“, посочи македонскиот премиер.
Соговорниците се осврнаа и на можноста за продлабочена економска соработка и остварувањето на конкретни проекти од областа на економијата, образованието, културата, здравството, туризмот за чија реализација постои потенцијал кај двете држави што може да донесе продлабочување на заедничките севкупни односи меѓу двете држави.
Груевски на соговорникот му ги престави реформите кои се прават и можностите за економска соработка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.