Контакт

Надворешна политика

Груевски – Шаохуа: Потенцијал за поголема соработка меѓу Македонија и кинеската провинција Гвангдонг

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски во петокот во градот Гвангжу оствари средба со делегација на властите на кинеската провинција Гвангдонг, предводена од вицегувернерот на провинцијата, Шу Шаохуа.

dobivaj vesti na viber

 

Провинцијата Гвангдонг е економски најбрзорастечки регион во Кина. Таа има надворешно трговска размена од еден трилион долари во минатата година, и бруто домашен производ во вредност од над еден трилион долари. Во неа живеат 106 милиони жители, а нејзин главен град е Гвангжоу, во кој живеат околу 10 милиони жители. Трговската размена помеѓу Македонија – Гвангдонг изнесува 20 милиони долари и постои можност за нејзино надградување и по обем и по квалитет.

           

Соговорниците истакнаа силна заложба за интензивирање, продлабочување и унапредување на економската соработка во повеќе полиња од заеднички интерес.

           

Особено беше акцентирана можноста за реализација на инвестиции од Кина во Македониија, за соработка во областа на туризмот преку аранжмани на кинески туристи во Македонија, можноста за извоз на македонски земјоделски производи во провинцијата Гвангдонг.

           

Беше истакната силна политичка поддршка за реализација на овие цели и охрабрување од двете страни кон економските субјекти за воспоставување на соработка на конкретни проекти.

           

Беше договорено стручни тимови од двете страни во идниот период да отпочнат со работа на дефинирање на полињата и процедурите на соработка, можноста за остварување засилена трговска размена помеѓу двете страни и разгледување на конкретни проекти за имплементација.

           

Груевски ги претстави поволностите кои нашата земја ги овозможува за странските инвеститори за водење бизнис во нашата земја, нискиот даночен пакет, способната и едуцирана работна сила, и поволностите кои се нудат во технолошко-индустриските развојни зони. Тој иницираше и теми за соработка во областа на извозот на македонски земјоделски продукти во Гвангдонг.

 

„Се работи за економски многу силна провинција, во која што има многу развиен бизнис, многу компании, многу пари, многу инвеститори и многу можности за инвестирање во Македонија. Беше важно да се сретнеме со властите бидејќи значајна е нивната поддршка и порака, и ми беше задоволство што практично сите теми кои ги отворив со властите наидоа на добар прием и на уверување дека ќе ја дадат нивната целосна поддршка и сигнал до компаниите да инвестираат во Република Македонија. Со властите се договоривме стручни тимови од двете страни да продолжат да работат на деталите на соработката. Кога се даде политичката поддршка, сега е потребно претставници од двете страни да ги разработат деталите, да ги прецизираат и да почне нивно спроведување“,  изјави премиерот Груевски по средбата.           

           

Вицегувернерот Шаохуа позитивно ја оцени посетата на македонската владина делегација на Гвангдонг, како можност да се претстават опциите за соработка. Средбата ја оцени за продуктивна и успешна, и давајќи позитивна оценка за иницираните теми од македонска страна, истакна дека политичките претставници ќе дадат поддршка и преку личен ангажман во насока на охрабрување и поттикнување на кинеските бизнисмени за воспоставување на соработка со Македонија.

           

„Прво, ќе охрабруваме што повеќе претприемачи од Гвангдонг да ја посетат Македонија, поточно технолошко- индустриските развојни зони во Македонија. Сакаме да ги охрабриме да отворат бизнис или фабрики таму. Второ, ќе охрабруваме што повеќе туристи да ја посетат Македонија и преку Македонија да ја посетат и Европа. Во иднина сакаме и да увезуваме што повеќе земјоделски производи од Македонија, како месо и овошје. Ние имаме отворен пазар на кој македонските компании можат да влезат“, изјави вицегувернерот Шаохуа по средбата.

           

Двете страни разговараа за можностите за соработка и на полето на образованието преку стипендирање и размена на студенти од двете земји за студии на универзитети од двете земји.

           

Беше дадена и позитивна оценка за соработката во областа на медицината за што во наредниот период треба да се прецизираат конкретните модалитети./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 час

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија3 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа3 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија4 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион4 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет4 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија5 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија5 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија5 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион6 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет6 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет6 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион8 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион8 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија20 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија21 час

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија22 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија1 ден

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија1 ден

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...