Надворешна политика
Груевски се сретна со британски парламентарци
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во понеделникот оствари средба со парламентарците од Велика Британија, Марк Причард и Брајан Бинли.
Соговорниците дадоа позитивна оценка за односите помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство и изразија посветеност на понатамошно унапредување на соработката помеѓу двете земји во сите сфери од заеднички интерес, се навдува во соопштението на владината прес служба.
На средбата се разговарало за повеќе актуелни теми и области, како што е потенцијалот за зајакнување на меѓусебната соработка во економијата и трговската размена, соработката на полето на странските инвестиции, како и за евроинтеграциските процеси на државата.
Премиерот Груевски ги запозна соговорниците со реформите и мерките кои се преземаат со цел унапредување на можностите во сите општествени сфери, и во насока на унапредување на стандардите, и надминување на предизвиците од значење за европските и евроатлантските интеграции на нашата земја. Тој истакна дека Република Македонија високо ја цени поддршката од Обединетото Кралство во остварувањето на стратешките цели на Република Македонија, истакнувајќи дека е важна поддршката од секој кредибилен фактор кој може да придонесе на тој план.
Британските парламентарци, Причард и Бинли, ја истакнаа својата посветеност за поддршка на продлабочувањето на билатералните односи помеѓу двете земји, и за поддршка на европските и евроатлантски интеграции на Република Македонија.
Во однос на економската соработка, соговорниците истакнаа дека постои добра основа за дополнително интензивирање на взамните односи, преку искористување на расположливите потенцијали, пред се на планот на привлекување на странски инвестиции и зголемување на трговската размена.
Беа разговарани и опции за унапредување на соработката на полето на земјоделството, особено во делот на можностите за извоз на македонски земјоделски производи во Велика Британија.
Стана збор и за соработката во областа на образованието, во делот на разгледување на можностите за воспоставување на соработка на високообразовни институции од Република Македонија и од Обединетото Кралство, размена на студенти и наставен кадар помеѓу двете земји, се вели во владиното соопштение. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.