Контакт

Надворешна политика

Груевски – Соботка: Чешка го поддржува членството на Македонија во ЕУ и НАТО

Објавено пред

Чешка целосно ја поддржува Македонија во нејзините подготовки за влез во ЕУ и НАТО, истакна во четвртокот чешкиот премиер Бохуслав Соботка по средбата со премиерот Никола Груевски во Прага.

dobivaj vesti na viber

 

Чешка цени кога се исполнети условите, и смета дека нема потреба да се ограничува членство во НАТО и преговорите со ЕУ, пренесува МИА.

 

„Ние и натаму ќе бидеме активни во поддршката на проширувањето на ЕУ и НАТО што се однесува на Македонија. Чешката Република долго време ја поддржува Република Македонија на нејзиниот пат кон европските и атлантските интеграции и имаме позитивни оценки за чекорите кон подготовка на Македонија за членство во овие организации“, нагласи Соботка.

 

Соботка додаде дека Чешка на Македонија ќе и’ го даде на располагање своето искуство за членството  во ЕУ и имплементирањето на европското право и стандардите на Унијата.

 

Според него, пристапот кон евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан и северноатлантските структури Чешка го гледа како пат кон стабилност и просперитет во цела Европа.

 

„Чешката Република жали што досегашниот став на Грција до некоја мера го блокира влезот на Република Македонија во ЕУ“, истакна Соботка, поздравувајќи ја добрата волја на Македонија да се најде политичко решение на оваа ситуација.

 

Премиерот Груевски рече дека Македонија високо ја цени принципиелната и конзистентна чешка поддршка за што поскоро и безусловно отпочнување на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ, според веќе применетиот пристап на паралелно одвивање на преговори за членство во Унијата и на разговори за надминување на билатерална разлика со земја членка.

 

„Република Македонија високо ја цени и почитува и заложбата на Чешката Република за европската интеграција на сите земји од Западниот Балкан, и таа чешка заложба претставува потег на лидерство“, истакна Груевски.

 

Груевски, исто така, го информирал Соботка дека македонската Влада продолжува со силно темпо и посветеност на спроведување реформи кои значат унапредување на сите општествени сфери, со исполнување на европските стандарди, со натамошна трансформација и модернизација на македонското општество и држава и со политиката на добри односи со сите соседи, особено со проактивен пристап во разрешувањето на билатералната разлика со Грција, која покрај почетокот на пристапните преговори со ЕУ, како што рече, ја попречува и нашата покана за членство во НАТО веќе шест години.

 

Двајцата премиери се согласни дека има голем потенцијал за економска соработка во двете насоки, а недвосмислената политичка поддршка за Македонија од Прага, треба да се преточи и во економијата.

 

Соботка и Груевски позитивно ги оценија меѓусебните билатерални и мултилатерални односи кои, како што истакнаа, се развиваат во духот на пријателството и меѓусебното почитување. Изразија задоволство и од континуираниот дијалог кој се одвива помеѓу двете страни, за што, според нив, придонесуваат и големиот број средби на највисоко ниво.  Тие присуствуваа и на потпишување Меморандум за разбирање меѓу Центарот за управување со кризи на Македонија и чешката Противпожарната служба.

 

Груевски заедно Соботка ќе го отворат и Бизнис форумот за трговски и инвестициски можности на чешките компании во Македонија, каде претставници на чешки компании ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти пред претставници на македонското Министерство за економија и Агенцијата за странски инвестиции.

 

Во делегацијата предводена од македонскиот премиер се и минисерот за надворешни работи Никола Попоски, заменик министерот за економија Христијан Делев и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции Климент Шекеровски./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Здружението на судии: Нема да ја коментираме неправосилната пресуда за „Онкологија“

Здружението на судии на Република Северна Македонија соопшти дека нема да даде коментар за неправосилната пресуда во предметот познат како...

Македонија2 часа

Утре и задутре пулмолози ќе проверуваат колку им се оштетени белите дробови на жителите на Трубарево и околината

Два тима од Клиниката за пулмологија и алергологија утре и задутре ќе ги посетат жителите на Трубарево и околните места...

Македонија3 часа

Условната казна за случајот со терапијата за рак е непочитување на жртвите, рече Андоновска

Пратеничката Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека условната казна изречена за злоупотребата на терапијата за пациенти со рак претставува...

Македонија4 часа

Субвенции за филтри на оџаците за домаќинствата што се греат на дрва, Мицкоски најави вонредна мерка за почист воздух

Во пресрет на новата грејна сезона Владата размислува за субвенции за филтри на оџаците за домаќинствата што се греат на...

Македонија4 часа

Мицкоски за пресудата за случајот „Онкологија“: Со вакви одлуки судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на условната казна за докторката која призна злоупотреба на Клиниката...

Топ5 часа

Планинари од Белгија спасени од полициски тим: биле нападнати од овчарски кучиња, па бегајќи од нив, се качиле на столб за мобилна телефонија

Вчера во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во...

Македонија6 часа

Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив наместо вистинска правда, добивме минимизирање на трагедијата што нè скрши, вели семејството Ристовски

Семејството на починатата Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд...

Македонија6 часа

„Судството со скандалозната условна казна за докторката од Онкологија покажа дека му служи на друштвото на Заев, Филипче и на уште неколкумина од СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на...

Свет7 часа

Уште три европски земји ја признаа Палестина

Премиерите на Луксембург, Малта и на Монако официјално ја признаа државата Палестина вчера на Генералното собрание на Обединетите нации. „Ова...

Свет8 часа

(Видео) Хонг Конг се подготвува за најлошиот тајфун оваа година: училиштата затворени, летовите откажани

Хонг Конг се подготвува за супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски тајфун во светот оваа година, затворајќи ги училиштата и откажувајќи околу...

Европа8 часа

(Видео) Драматичен говор на претседателката на Молдавија: Кремљ мисли дека сите сме на продажба

Проевропската молдавска претседателка Маја Санду ги предупреди граѓаните на нејзината земја во драматично обраќање дека Москва ги загрозува суверенитетот, независноста...

Европа8 часа

(Видео) Полска до Русија: Предупредени сте

Русија не треба да се жали во Обединетите нации ако нејзините ракети или авиони се соборени откако влегле во воздушниот...

Свет9 часа

(Видео) Трамп ги поврзува „парацетамолот“, вакцините и аутизмот; Научниците: Митови и опасни лаги

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа промовираше недокажани, а во некои случаи и долго побиени тврдења за врска помеѓу лекот парацетамол,...

Европа9 часа

(Видео) Воздушниот простор над аеродромот во Осло беше затворен поради дронови: истото беше и во Копенхаген

Најголемиот дански аеродром во Копенхаген, ноќеска го прекина целиот сообраќај откако беа забележани дронови во областа, потврди полицијата. По Копенхаген,...

Свет18 часа

Франција ја призна Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава. Со...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок...

Топ20 часа

Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што...

Македонија21 час

ДИК со податоци: Пет отфрлени листи за градоначалници

Според податоците добиени од Државната изборна комисија, за претстојните локални избори се потврдени вкупно 861 кандидатска листа – 303 за...

Македонија1 ден

Од ноќеска на полноќ поскапува дизелот

Од полноќ, горивата добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад...

Свет1 ден

Путин: Русија е подготвена воено да возврати на Западот

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија е подготвена да одговори на сите закани, додавајќи дека Москва сè уште поддржува...