Контакт

Надворешна политика

Груевски: Стратешка цел на Македонија останува членството во ЕУ и НАТО

Објавено пред

Стратешка цел на Македонија е да стане полноправна земја-членка на Европската унија и на НАТО, што е во интерес на сите граѓани и ќе доведе до подобра иднина, економски раст и развој, како и зајакнување на мирот и стабилноста на земјата и на целиот регион, изјави во четвртокот македонскиот премиер Никола Груевски во рамките на дебатата „Југоисточна Европа, Западниот Балкан и Европската унија: Што со регионалната стабилност?” на 36-та годишна сесија на формот „Кран Монтана” во Брисел

dobivaj vesti na viber

На почетокот на своето обраќање, како што пренесува дописникот на МИА, премиерот Никоал Груевски посочи дека темата на конференцијата потсетува на минатото, кога земјите од регионот се оптоварувале со прашањето за тоа кога започнува првиот и вториот крај: стабилизација или пристапување и кога, всушност, не постои строга линија меѓу овие два процеса. Според него, еден може да се постигне само преку друг, стабилност преку проширување и проширување преку стабилност.

„Земјите од западен Балкан направија голем напредок и многу значајни достигнувања во процесот на европска интеграција во текот на изминатите две децении. Процесот на градење на демократските општества е неповратен во сите земји. Тоа повеќе прави да ни е јасно дека перспективата на членството во Европа е движечка сила за стабилноста и просперитетот во земјите од балканскиот регион. Тоа е причината зошто нам ни треба помоќна Европа, поенергична Европа и поангажирана Европа“, истакнал Груевски.

Посочил дека Европската унија треба да продолжи „да го прави она што го прави најдобро“, а тоа е користење на моќта на членство за трансформација на земјите во соседството. „Отворањето на пристапните преговори со земјите кои заслужуваат и кои ги исполнуваат критериумите, како во случајот на Македонија, ќе биде вистински чекор во оваа насока“, додал Груевски.

Македонскиот премиер нагласил и дека заемјата се реформираше и развиваше, и оти нејзина цел е потрагата на крајот на тунелот што е членство во ЕУ и во НАТО, не како решение за сите проблеми, туку како неоспорна точка на национален консензус, што треба да се стави во реалност од страна на самите нас, во дијалог и партнерство со ЕУ и НАТО. Груевски притоа истакнал дека Македонија ќе продолжи да работи напорно за натамошно подобрување на учинокот на усогласување и спроведување на стандардите и критериумите за доброто на своите граѓани со оние на ЕУ. Груевски додал дека Македонија е подготвена да испорача повеќе, односно колку што е потребно. „Со пет препораки по ред, во последните пет години за да се започне процесот на преговори, Европската комисија, исто така, призна дека нивото на хармонизација на македонското законодавство е повисока отколку што е потребно и побарано од страна на фазата од процесот каде е Македонија е денес“, рекол Груевски додавајќи дека стратешка цел на Македонија е да стане полноправна земја-членка на ЕУ и НАТО и дека тоа е во интерес на сите граѓани и дека тоа ќе доведе до подобра иднина, економски раст и развој, како и за зајакнување на мирот и стабилноста на земјата и на целиот регион. „ЕУ, САД и други нашите меѓународни партнери, имаат голем придонес во процесот на интеграција и членство на Република Македонија во Европската унија и НАТО. Македонија никогаш не го смета овој ангажман како хендикеп, туку како поттик во процесот на нашето интегрирање во ЕУ и НАТО. Република Македонија се соочува со политичката криза. Политичкото раководство на земјата инвестираа напори за да ја надмине преку дијалог и во тој поглед, вчера имавме нова рунда на политичкиот дијалог во Брисел со лидерите на најголемите политички партии“, посочил Груевски. Македонскиот премиер рекол дека кризата во земјата треба да се реши што е можно поскоро, но она што сè уште нема, според Груевски, е „јасна перспектива“ на Македонија во ЕУ. Предупредил дека на актуелната криза се гледа како можност да се оттргне земјата од состојбата на статус-кво и да се подигне свеста за потребата да се овозможи на Македонија да се движи напред со процесот на интеграција во ЕУ. „Тоа е причината зошто ние го поздравуваме ангажманот на комесарот (Јоханес) Хан и претходно на тројцата европратеници да се олесни дијалогот и да ѝ се помогне на Македонија за надминување на оваа ситуација. Признавам дека кризата создаде многу негативен публицитет за Македонија. Но, меѓу сиве овие пораки на загриженост, да не го заборавиме главниот фокус на она што е навистина важно во Македонија и нашите граѓани, да не заборавиме на ЕУ перспективата и дека Македонија, која е земја-кандидат за членство веќе десет години. Препораките на Европската комисија се објективна процена на сцената на реформите во Македонија и усогласување со законодавството на ЕУ. Зад овие препораки лежи напорна работа, сериозна посветеност и силни административни капацитети“, смета Груевски. Сепак, според него, во моментов не е добро време да се гледа наназад. „Силно верувам дека наскоро ќе ја совладаме домашната политичка криза. Ја охрабруваме ЕУ, а посебно земјите-членки, да се обидат да се навратат и да ги истражуваат предлозите кои се на маса веќе некое време, а можеби не добија доволно внимание – како што се овозможување на пристапните преговори и разговори за името да се одвиваат паралелно на двоен колосек или почеток на пристапните преговори и решавање на прашањето за името во раните фази на процесот на пристапување“, порачал Груевски. На крајот од своето излагање македонскиот премиер истакнал дека земјата ќе работи „неуморно да ги надмине своите политички предизвици и да ги реши во правен, институционален и политички процес во согласност со уставниот поредок“ и во рамки на востановените принципи на демократијата на ЕУ и на владеењето на правото. „Усвојувањето на демократските вредности и имплементацијата на европските стандарди за добро управување на земјите од Југоисточна Европа и Западниот Балкан се и ќе бидат клучни во иднина за регионалната стабилност“, заклучил Груевски./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет11 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет14 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет16 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет17 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет18 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет19 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет19 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет20 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет20 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија2 дена

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија2 дена

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија2 дена

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија2 дена

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет2 дена

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет2 дена

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...