Контакт

Надворешна политика

Груевски за „То Вима“: Сакаме надминување на спорот за името, но не по цена на идентитетот

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за грчкиот весник „То Вима“ вели дека одговорноста на македонската страна во долгогодишниот спор за името со Грција е „да изгради подобри и поблиски односи со грчките власти“, и дека смета оти „прашањето за името е апсурден спор кој за жал ги блокира напорите за интеграцијата во евроатланските структури и длабоко задира во идентитетот на македонскиот народ“.

dobivaj vesti na viber

Ние сме сериозно заинтересирани за надминување на сегашната состојба, но не по цена на загрозување на нашиот идентитет. Прашањето околу проблемот кој Република Грција го има со нашето име е дел од секоја наша програма. Граѓаните се изјаснуваат на оваа тема и ни даваат мандат за да разговараме за решение кое нема да задира во нашиот идентитет, и нашиот устав. Оттаму за нас е поважно да се концентрираме на барање решение за проблемот, отколку да размислуваме дали би било полесно да се разговара со Сириза или некоја друга партија. Во таа насока ги гледаме и мерките за градење на доверба. Очекувам тие да не останат само на хартија, туку да се имплементираат“, вели Груевски во интервјуто за грчкиот весник.

Запрашан околу тоа дали за време на неговата функција како премиер на Македонија, постоел момент кога двете земји се нашле блиску до постигнување на договор, Груевски вели дека постоела надеж во оние „моменти кога освен разговорите преку ОН, имало и директни разговори помеѓу политичарите на двете земји“.

„Моментот кога беше ставено вето на нашиот прием во НАТО сигурно не е тој момент…Тоа дефакто сѐ уште е на сила и значително придонесе кон нарушување на билатералните односи. Сѐ што беше пред и после оваа одлука на Грција, беа моменти на приближување на ставовите на двете земји, нешто што сѐ уште е недоволно. Моментите кога имавме, освен разговори преку ООН, и директни разговори помеѓу политичарите на двете земји, исто така даваа надеж. За несреќа, финансиската криза во Грција и севкупниот нестабилен политички амбиент, често во рана фаза ги прекинуваа таквите моментуми. Имам чувство дека вашата јавност е недоволно или несоодветно информирана за состојбите во Република Македонија. Тоа им создава препреки на вашите политичари да донесат похрабри одлуки. Треба да ги надминеме стереотипите едни кон други и да гледаме повеќе на работите кои нѐ приближуваат. Верувањето дека со сила или со уцена ќе се наметне нов идентитет на македонскиот народ, е погрешна теза. Таквата позиција ги зацврсти идентитетските одредници на македонскиот народ, затоа што таквиот однос и реализацијата на сето тоа, само предизвикаа претпазливост кај секој еден Македонец. Тие создадоа рефлекси од опасноста да се остане безимен и без она што ние мислиме дека е наш идентитет. Верувањето дека ние сме закана за Грција е целосно неточно. Која закана ја видовте од нас во последните 25 години?“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на „црвените линии“ на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на решавањето на овој спор, Груевски вели дека тие се јасни, односно дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик и култура“.

„Неприфатлива е каква било промена на уставот со која се менува уставното име на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари или поединци, влада или парламент без референдум. Ние сме подготвени да го продолжиме дијалогот и да останеме силно посветени на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓаме и политички и културно и економски. Ние сакаме решение за проблемот не само заради членството во НАТО и ЕУ, туку и заради нормализирање на односите со Грција. Надвор од овој проблем, постојат многу заеднички предизвици кои ако заеднички ги решаваме, ќе биде подобро и за двете држави и народи, и за целиот регион. Но сепак, решението не може да биде еднострана желба на една од двете држави, туку компромис кој не загрозува ничии интереси. Не постои решение издејствувано со сила, закана или уцена кое може да е одржливо. Земете ја на пример привремената референца за името од Времената спогодба од 1995 година. Тогаш народот не беше прашан. Секој во Македонија ја отфрла таа референца. При тоа, народот е уште поподготвен да се бори за сопственото име и идентитет. Таа е навредлива за македонските граѓани и така ќе остане засекогаш“, потенцира Груевски во интервјуто за „То Вима“.

Груевски исто така додава дека „доколку се прифати реалноста дека Македонија постои и продолжува да постои и дека со бројни гестови потврдува дека нема никакви територијални претензии кон соседите, тогаш може да се дојде до решение“.

„Ние инсистираме на сѐ она што се чувствуваме и што се нарекуваме. Името на нашата држава, на нашата нација, на нашиот јазик. Македонската нација и држава постоеле и ќе продолжат да постојат. Во смисла во која ние во нашата држава ја разбираме, тоа е едноставно реалност, без разлика што мисли Никола Груевски за тоа, така едноставно се чувствуваат граѓаните на нашата држава, и тоа не е ништо страшно ниту пак некој треба да се чувствува загрозен. Никој никогаш со никаков декрет не успеал да укине нечиј идентитет. Станува збор за внатрешно чувство, а вие со лист хартија никому не може да му наложите како да се чувствува. Тукa не станува збор за некакво креирање на македонска нација или држава. Напротив. Тие се реалност. Најчувствителниот момент во разговорите за името е прифаќањето на реалноста и волјата за соработка и градење на добрососедските односи. Доколку се прифати реалноста дека Република Македонија постои и ќе продолжи да постои, доколку се прифати реалноста дека Република Македонија се огради и јасно во својот устав зацрта, и со бројни гестови потврдуваше дека нема какви било територијални претензии кон соседите и дека не бараме никаков ексклузивитет на употреба на името Македонија, тогаш може да се дојде до решение. Доколку на тоа се додаде добра волја да му се помогне на соседот, тогаш не постои никаква пречка нашите две земји да бидат идеален пример на соработка на Балканот“, смета Груевски.

Во однос на тоа дека Грција смета оти Македонија има територијални претензии кон соседите, Груевски вели дека тоа не е точно и дека „иднината е во соработката меѓу земјите, односно минатото не може да се менува, но може да се влијае врз иднината“.

„Република Македонија нема никакви претензии кон соседите. Ова тврдење можам да го потпишам со две раце. Иднината е во соработката меѓу земјите. Минатото не можеме да го менуваме, но можеме да влијаеме врз иднината. Ова може да го очекуваме преку искрена соработка и меѓусебно помагање. Грција во Македонија може да има голем пријател. Не верувам дека некој во Грција сериозно верува во некакви стравови од иредентизмот на Македонија. Грција е земја со исклучително богата култура и од големо значење за светот, не само за регионот. Тврдењата дека Грција која е поголема и помоќна, стравува од Република Македонија, се неубедливи. Но еве, да претпоставиме и дека е така… јас сум подготвен да потпишам дека Република Македонија ќе ги понуди сите гаранции кои би биле побарани дека немаме никакви територијални аспирации“, потенцира Груевски./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија13 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија14 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ16 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија17 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет18 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет19 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет19 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион20 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет20 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...