Надворешна политика
Хајндл: Добрата вест е дека има излез од кризата, лошата е дека процесот се одолговлекува
Пржинскиот договор е излезот од политичката криза, но процесот на неговата имплементација се одолговлекува и поради тоа кризата ја парализа земјата, порача во средата специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл, кој последните денови во Скопје оствари низа средби со политичките и владините претставници, во насока на изнаоѓањето на излез од политичката криза.
„Имавме отворени дискусии со политичките лидери, Германија ги прати случувањата со голема загриженост. Добрата вест е дека има излез од кризата а тоа а Пржинскиот договор и неговите принципи и правила го поставуваат патот кон демократијата, стабилноста и евроатланските интеграции, а лошата вест е дека процесот се одолговлекува, кризата ја парализира земјата и времето изминува“, изјави Хајндл.
Според Германецот, она што е сега важно е да се постигне целосна ревитализацијата на политичкиот договор и тој да се потврди како валидна и обврзувачка рамка за реформскиот процес кој претстои. Хајндл исто така го поздрави повлекувањата на помилувањата кои беа направени од страна на претседателот Иванов, со што сега фокусот повторно може да биде ставен на имплементацијата на Пржинскиот договор и оние прашања кои се битни за иднината на земјата.
„Сега е потребно партиите да се договорат за изборниот датум и мора да направат се што е потребно за слободни и фер избори. Второ, на специјалниот јавен обвинител мора му се обезбеди да ја врши својата работа без никакви опструкции и трето, партиите мора итно да се договорат за имплементацијата на реформските приоритети кои се предвидени со Пржинскиот договор како и прашањата кои беа адресирани во извештајот на Прибе“, потенцираше Хајндл, додавајќи дека се надева оти политичките лидери ќе го искористат „позитивниот моментум и во интерес на државата ќе го направат она што е потребно за земјата да оди напред и реформите да се остварат“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.