Контакт

Надворешна политика

Хан: Партиите да договорат датум за избори

Објавено пред

Ги повикувам политичките партии во Македонија да се држат до договорот од Пржино, порача во понеделникот еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, одговарајќи на новинарски прашања Хан посвети голем дел од неговиот говор за неуспешните преговори во петокот во Скопје, каде беше урнат дел од договорот меѓу политичките партии во однос на 24-ти април како ден кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори.Потврдувајќи дека 5-ти јуни како ден кога ќе се одржат изборите бил исто така на маса во преговорите во петокот, Хан рече дека „негова поента е едноставно да се гарантираат изборите”.„Тоа ќе биде голема можност, бидејќи сé ќе биде добро подготвено, фер и транспарентно, според меѓународните демократски стандарди. Направив сé за да го  обезбедам потребното набљудување, на пример ОДИХР ќе испорача 24 долготрајни набљудувачи. Како за пример,во Турција тие имаа 30 такви набљудувачи и за една мала земја во споредба со Турција да има 24 е многу, како и 300 на изборниот ден. Мојата поента е дека е важно да се има избори според нашите стандарди со цел да се поврати кредибилитетот на земјата. Ова е важно и за да се има следен чекор, да се убедат нашите земји членки да почнат преговори“, истакна Хан.Запрашан зошто се разговара за друг датум и што е сменето по неговата изјава во петокот вечерта, со оглед на тоа дека добил гаранција од ОДИХР, но и од претседателот на ДИК дека изборите може квалитетно да се спроведат на 24-ти април, Хан со одговор:„Двете страни ми кажаа пред петочниот состанок дека сé уште е можно да се обезбедат избори, како на пример претседателот на Државната изборна комисија рече дека има потреба од луѓе за компјутерска технологија и за правници за да се справуваат со жалбите, но исто така и за луѓе да прават теренска проверка што беше потврдено од Владата, од каде рекоа дека ќе ги удвојат вработените за таа цел. Но, уште еднаш мислам дека е поважно ако е можно да има договор меѓу сите партии, бидејќи ова е нешто што успеавме за време на минатите месеци да го имплементираме договорот од јуни/јули“, потенцира Хан.Еврокомесарот додаде дека „не секогаш партиите се држеле до датумот кога има одреден краен рок што е договорен, но на крајот сé е имплементирано”.„Ќе биде одлично ако и изборите се спроведат во овој дух, каде сите ќе бидат посветени на тоа. Во секој случај, ги повикувам сите играчи во земјата да се држат до договорот од јуни и јули, порача Хан. Еврокомесарот за преговори за проширување посочи дека е загрижен за малиот прогрес во однос на усвојувањето на итните реформски приоритети од извештајот на Рајнхард Прибе и порача дека „има многу елементи и поенти во извештајот на Прибе што може да бидат исполнети до изборите”.„Тука се соочуваме со одложувања и ги повикувам сите партии да останат посветени, бидејќи тоа е дел од потребниот реформски процес и што порано тоа го направат, толку подобро и толку земјата ќе биде подготвена на европската перспектива и на евроатлантската перспектива. Значи, во рацете на одговорните лица и да се грижат за земјата и за луѓето“, рече Хан.Во однос на решавањето на состојбата во медиумите, запрашан како е можен договор кога наместо европски закон, опозицијата во Македонија бара лично да ги води јавниот сервис и Агенцијата за медиуми и дали е потребно таков цензорски закон или закон по пример на некоја од земјите на Европската унија, Хан беше дециден дека мора да се најде компромис, а не да се делува со и под уцени.„Реструктуирањето на општеството во многу области е потребно и посебно дел од овие преговори посредувани од Петер Ванхуте, па се надевам дека ќе има прогрес. Она што е важно за земјата и тоа не само во однос на оваа земја, туку и многу земји во западен Балкан е дека мораме да го напуштиме црно­белиот пристап. Во демократијата се потребни компромиси и тие не се нешто лошо, туку нешто каде сите добиваат нешто, но исто така и се откажуваат од нешто во интерес на сите. Да се биде силен после него во однос на претходно и ова треба да се научи од политичката елита, но и од луѓето. Не е дека сте победник или поразен и ако продолжиме вака нема да го направиме потребниот прогрес. Мораме да разбереме дека се работи за соработка и за наоѓање на решение што е прифатливо за двете страни. Природата на демократијата е да се најде компромис, добар договор, не лош договор“, посочува Хан.Во однос на миграцискиот проблем и неговата поента во Скопје дека во овој дел може да има проблем за Македонија, еврокомесарт истакна дека „неговата поента била во давање коментар за исходот од минатиот петок, дека има многу предизвици за земјата и Владата и дека миграциското прашање во моментов е најголемо оти има сомнеж дека ќе се соочиме со продолжување на ситуацијата како што видовме во 2015 година”.„И ако некои европски земји го направат тоа што го најавија и ги затворат границите, тоа може да влијае на ситуацијата во Скопје. Затоа, реков дека ова е еден пример, а друг е економската ситуација и ситуацијата со невработените. Има многу прашања на кои треба да им се посвети целосно внимание од страна на Владата, но и на опозицијата во Парламентот и затоа ги повикувам сите да се договорат за датумот за избори со цел да бидеме пофокусирани и поконцентрирани“, заврши Хан./крај/мф/

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија1 час

„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку...

Македонија1 час

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион2 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија3 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија3 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет4 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет4 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа5 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет5 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет5 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа5 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион14 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија15 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет17 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија21 час

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија23 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија23 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...