Контакт

Надворешна политика

Хан: Разрешување на политичката криза или Македонија може да ја загуби препораката од ЕК

Објавено пред

Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан, во четвртокот од Вашингтон порача дека Европа има морална обврска да ја обезбеди европската перспектива на Македонија, во интерес на стабилноста на регионот, поради што ќе бидат разгледани две поглавја од пристапните преговори со ЕУ. 

dobivaj vesti na viber

Говорејќи во Атланскиот совет во Вашингтон, еврокомесарот Хан потенцираше дека доколку политичката криза не биде разрешена, Македонија може да ја загуби препораката за отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ, која во континуитет ја добива од 2009-та година, пренесува МИА.

На договорот кој беше потпишан во вторникот, за кој Хан рече дека САД и Европската унија се во ролја на сведоци, му претходела дискусија меѓу власта и опозицијата за терминот за одржување на предвремните избори, при што имало барања тие да бидат одржани и поскоро. Пред да се извршат изборите, појаснил Хан, треба да се модифицира изборниот законик и да се разгледа избирачкиот список, притоа додавајќи дека и последните избори во 2014 година, како и претходните избори, добивале генерално позитивен извештај.

„Значи, овој договор беше потпишан од претставниците на четирите најголеми партии во земјата и сведоци беа амбасадорот на Европската унија и на САД, кои ни се приклучија при крајот и беше корисно што беа таму. Целосно сум свесен за ситуацијата во земјата и имаше дискусии меѓу опозицијата и Владата кога е најпогодното време за нови избори, бидејќи е неопходна подготовка. Постојат некои несовршености што треба да се завршат, да се модифицира изборниот законик, да се разгледа избирачкиот список и некои други елементи. Од друга страна, морам да кажам дека последните избори, како и неколку претходно во земјата и во регионот, беа набљудувани од ОБСЕ и имаше генерално позитивен извештај, во кој беа наведени некои неправилности, но генерално беше позитивен извештај за изборите што беа одржани во април минатата година”, изјавил Хан.

Еврокомесарот во своето обраќање во Вашингтон, исто така, побарал од опозициската партија СДСМ да се врати во Собранието, за да се испитаат обвинувањата од аферата „Пуч“ и нелегално снимените разговори кои беа објавени, пренесува МРТВ.

 „Има голем скандал што никој не може да го игнорира. Има 22 илјади снимки. Да не зборувам за содржината, што е нешто сосема друго. Ние сме на мислење дека треба да има двонасочно реакција на ова. Една е политичката, и затоа бараме опозицијата да се врати во парламентот, и да се справи со ова прашање на вообичаен политички начин преку дебата во парламентот, да има истражни комисии и така натаму. Но, ова, исто така, е криминален случај, и тој со него треба да се справи на врз основа на меѓународните и европските стандарди. Затоа понудивме, и ова исто така беше прифатено од партнерите, за меѓународни експерти коишто се справуваат со вакви прашања. И сите страни се согласија да ги прифатат и спроведат сите препораки дадени од Европската комисија особено кога станува збор за владеењето на правото и независноста на судството. И за да се анализира, но и да се спроведе ова, потребно ни е време и затоа се согласивме за избори во пролет идната година, иако некои сакаа да има избори порано”, изјавил Хан.

Хан додал и дека политичката криза во Македонија делумно се должи на попречувањето на македонските евро-атлански интеграции, поради што Европа сега има и морална обврска да ги исполни ветувањата, и поради што ќе се разгледаат подрачјата 23 и 24 од пристапните преговори.

„Во 2005-та година поранешната југословенска Република Македонија доби кандидатски статус како за земја можна членка на ЕУ, а во 2008 година ветување за приклучување кон НАТО. Двете работи не се случија и сега се гледаат последиците. Тоа сега е неопходно и тоа е причината зошто јас се вклучив како морална обврска, но исто така и бидејќи не се работи само за земјата, туку и за регионот. Не треба да се потценуваат политичките последици доколку оваа земја не функционира со оглед на етничките тензии и елементи. Затоа имаме голем интерес да го решиме ова. За да се одржи барем европската перспектива, земјата треба да се справи со домашните несовршености и проблеми. Сега имаме многу сериозна внатрешна криза и се надевам со договорот од минатиот вторник направивме огромен чекор напред. Затоа што им понудивме, ако сакате морков, но истовремено и стап, да ги разгледаме подрачјата во земјата од фундаментално значење како веќе да имаме започнати преговори со нив. Во Европската унија имаме поглавја 23 и 24, по кои преговараме со идните можни земји членки. Овие две поглавја се однесуваат на владеењето на правото, слободата на медиумите, независноста на судството и така натаму. Ние ќе ја примениме оваа методологија и истовремено ќе ги подготвуваме новите избори како што се договоривме, за да има фер, транспаретни и разумни избори. Се надевам дека ова ќе придонесе за да се стабилизира земјата и ќе ја врати на европската и евроатланската перспективa”, заклучил Хан./крај/мф/бс

 

 

 

 

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ9 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија11 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија12 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура13 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија14 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија14 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија16 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија17 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет18 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет18 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет19 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија19 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа19 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...