Надворешна политика
Хан: Ситуацијата во Македонија и создава главоболки на ЕУ
Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан во средата порача дека ситуацијата во Македонија и создава главоболки на Европската унија (ЕУ), потенцирајќи дека постојат многу работи кои треба да се расчистат, а кои се предуслови за патот на земјата кон ЕУ.
„Генерално, можам да кажам дека ситуацијата во Македонија е многу сериозна и создава многу главоболки за нас оти не е повеќе прифатливо да имаме ситуација во која опозицијата не е во парламентот, а постои и ова прислушување кое треба да биде расчистено и мислам дека е потрено да се има длабока истрага. Замолуваме да има политичко третирање на ова прашање во парламентот со креирање на Комитет за истрага, но исто така и да има понатамошна истрага на криминалниот случај на ова прашање. Мислам дека ова се предуслови за земјата на нејзиниот пат кон Европа“, порача Хан во изјава за МИА, додавајќи дека не смее да се дозволи ситуацијата се влоши уште повеќе.
„Сите страни да преземат одговорни обврски и итни чекори кон одржливо решение, да го обноват политичкиот дијалог и довербата во институциите. Потребно е обвинувањата да се истражат од релевантните власти, како оние за погрешни работи што се објавени јавно. Принципот за независност и презумпција на невиност, слободата на медиумите и основните права треба да се воспостават. Сите политички партии да направат напори да избегнат политички и меѓуетнички тензии. ЕК ја следи одблиску ситуација, а и им помагаме на европратениците кои ги олеснуваат разговорите меѓу главната владина и опозициска партија и бараме да се решат забелешките во ланскиот прогрес-извештај“, изјавил Хан.
Австрискиот еврокомесар додал дека потребно е да се најде брзо решение на ситуацијата во Македонија, повикувајќи се на заклучоците на Европскиот совет, во кои министрите за надворешни работи на ЕУ-земјите изразија загриженост во последните заклучоци и побараа итно да се најдде одржливо решение за европерспективата на народот на Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.