Контакт

Надворешна политика

Холандија со силна поддршка за македонските евроатлански аспирации

Објавено пред

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во понеделникот оствари средба со висока делегација од Комисијата за европски прашања на холандскиот парламент, предводена од претседателот на Комисијата, Малик Азмани, а во придружба на делегацијата беше и амбасадорот на Холандија во Македонија, Вилем Вутер Пломп.

dobivaj vesti na viber

Бесими упати честитки за холандското преземање на претседателството на ЕУ и изрази надеж дека досегашната соработка меѓу Холандија и Македонија ќе продолжи, и дека Холандија и понатаму ќе ги поддржува евроатлантските аспирации на земјата.

На средбата Бесими се осврна на активностите кои се реализирани во рамките на итните реформски приоритети во областите на судство, следење на комуникациите, борбата против корупција и организиран криминал, реформите во јавната администрација и изборните реформи, медиумите и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Тој истакна дека итните реформски приоритети и понатаму остануваат во фокусот и посветено ќе се работи на нивно реализирање.

Во однос на справувањето со мигрантската криза, Бесими истакна дека во Македонија мигрантите се третираат на целосно хуман начин, почитувајќи ги сите меѓународни правни обврски, во целосна координација со политиките на ЕУ.

Билатералната соработка помеѓу Холандија и Македонија се одвива во рамките на неколку проекти, и тоа преку донаторска помош, обуките од МАТРА, ЦДАД проекти, програмата ОРИО, како и твининг со партнери од Холандија./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани...

Скопје2 часа

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија2 часа

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија2 часа

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје3 часа

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион4 часа

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа5 часа

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа5 часа

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет6 часа

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија16 часа

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија22 часа

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија23 часа

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија23 часа

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија1 ден

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ1 ден

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија1 ден

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија1 ден

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија1 ден

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија1 ден

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија1 ден

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...