Контакт

Надворешна политика

Интервју со Матс Стефансон, амбасадор на Шведска во Македонија: Ова се најважните избори за Македонија, народот гласаше за промени

Објавено пред

Овие се најважните избори откако Македонија стана независна држава. Секако, тие не ги решија сите македонски проблеми за во иднина, но мислам дека ги донесоа работите еден чекор напред, …. гласачите се изјаснија за промени, вели меѓу другото шведскиот амбасадор Матс Стефансон, во интервјуто за Макфакс.

dobivaj vesti na viber

Разговараше Билјана Богдановска

Макфакс: Како гледате на општите парламентарни избори што во неделата се случија во Македонија?
Амбасадор Стефансон: Мислам дека овие се најважните избори откако Македонија стана независна држава. Секако, тие не ги решија сите македонски проблеми за во иднина, но мислам дека ги донесоа работите еден чекор напред. Мислам дека изборитте воопшто беа одржани во фер атмосфера, што беше и заклучок во официјалниот извештај на Државната изборна комисија во понеделникот. Знаеме дека има поплаки од некои партии, кои се однесуваат на некои места во изборните единици број 2 и број 6. Ги поднесоа до Државната изборна комисија, и кога тоа ќе се реши ќе ги видиме финалните резултати. Но, сепак, ова е чекор во вистинска насока, што Македонија го направи со овие избори, што воглавно беа добри.

 
Макфакс: Кои се вашите очекувања, која партија ќе формира влада?
– Тоа е многу тешко за мене да кажам. Но, можам да кажам дека изборите многу јасно покажаа дека народот на оваа држава гласаше за промени. Тоа е е многу очигледно. Очигледно е дека народот сака некакви промени. Како тоа ќе изгледа во практика е многу тешко за мене како странски дипломат да коментирам. Но, важната работа, сега кога изборите завршија, е што ќе може да се креира влада која има моќ и можност да спроведе големи реформи за промена, кои Македонија мора да ги спроведе. Во годините што доаѓаат таква влада ќе се формира. Ќе треба да мине малку време, но ќе видиме влада која ќе може да преземе и да имплементира реформи.

 
Макфакс: Велите дека народот гласаше за промени, значи ли тоа дека ВМРО-ДПМНЕ која е на власт десет години, ќе треба да спроведе и некои внатрешни реформи во партијата?
– Не е мое да коментирам за тоа како некои партии треба да се реформираат внатрешно… Тоа е нивно. Но, мислам дека мапата на гласачи покажа јасно, што е невообичаено интересно, дека народот гласаше за двете водечки македонски партии речиси еднакво, но интересен е фактот што првпат, мислам, во Македонија видовме еден голем исчекор кај етничката поделеност, што е многу карактеристично за политичката слика, а тоа е дека многу етнички Албанци гласаа за неалбанска партија. Тоа е многу важно, многу важен чекор за еден ден земјата во која етничката поделеност нема да игра голема улога. Што ќе биде практичниот резултат од тоа во иднина е многу тешко да се предвиди. Но, сепак, е многу значаен развој.

 
Макфакс: Мислите ли дека овие избори ќе стават крај на двегодишната политичка криза?
– Не мислам дека овие избори ќе стават точка за завршување на кризата, но се надевам дека тоа е прв чекор во таа насока.

 

 
Макфакс: Како гледате на македонската евроинтеграција. Ќе има ли некаков напредок?
– Најпрво, очигледно е дека Македонија има огромна желба да стане членка на Европската унија и на НАТО. Има земји во светот каде јавното мислење е многу повеќе поделено, нема да ги именувам… Но има други геополитички опции, што не е случај со Македонија. Јасна е определбата на народот, без разлика дали се Албанци или Македонци или се припадници на друга етничка група, да се интегрира во НАТО и во ЕУ . Македонија еден ден ќе стане интегрирана во ЕУ и во НАТО. Проблемот не е само билатералниот спор со вашиот јужен сосед, тоа е само дел од проблемот. Главниот проблем е што Македонија се развиваше во погрешна насока неколку години и многу работи треба да се сменат на подобро за Македонија да се врати на вистинската патека. Затоа велам дека е многу важно да имате влада која ќе биде во состојба да ги спроведе сите потребни реформи за да ја врати земјата на вистинската патека. И за тоа може да сметате на поддршка од мојата земја, од Шведска. Ние цврсто стоиме зад вас. Ние не сме членка на НАТО, но ја поддржуваме трансатланската амбиција на Македонија. Но, мислам дека овие избори се добар чекор во таа насока. Следниот чекор е на народот на оваа земја, да ги преземе потребните чекори да се приодвижи земјата напред.

 
Макфакс: Како ја оценувате демократијата во Македонија сега?
– Многу работи се сменија, а тоа е очигледно Тоа е комплетно нов ветар во крилата на земјата. Каде тоа ќе ве одведе, не знам во моментов, но имам чувство дека промените почнаа. А тоа е важно, народот да почувствува… За жал, кога се работи за демократијата Македонија заостанува, што е многу трагично и тажно. На пример, во областите како медиумите каде Македонија беше еден од лидерите во регионот пред 20 години, падна во лоша ситуација, па Фридом хаус, која е важна американска институција и го мери нивото на слобофда во медиумите, неодамна ја стави Македонија во иста категорија со Русија, Белорусија и Турција. Тоа е се единствените земји од Европа кои спаѓаа во неслободни медиумски земји. Тоа е срамота за земја како Македонија, каде има многу талентирани луѓе, таленитрани новинари. Тоа мора да биде сменето и сигурен сум дека тоа ќе се смени.

 
Макфакс: Видовте ли некои промени за време на оваа политичка кампања во медиумите?
– Да, а и заклучокот на набљудувачите беше дека медиумската покриеност на овие избори беше многу подобра од претходините избори. Тоа е добар, позитивен чекор.

 


Макфакс: Како очекувате да продолжи со работа Специјалното јавно обвинителство по изборите?
– Кризата што Македонија ја имаше во претходните две години заради скандалот со прислушувањето, е скандал од нечуени размери во Европа. Секако, не е првпат во Европа, сме имале ситуации во кои политичари незаконски прислушувале луѓе, но бројката во толку мала земја е шокантна. Ова е огромен скандал и со него мора да се рачсисти. Затоа беше формирано Специјалното јавно обвинителство и тоа е многу важна институција. Многу сум разочаран што дл од општеството некои групи го обвинуваат СЈО дека е поткупено политички. Не мислам дека тоа е случај, воопшто. Мене ми се чини дека тие многу професионално си ја обавуваат работата. Треба да им се дозволи да ја работат својата работа. Важно е да им се дадат потребните ресурси и времето потребно да ја исполнат задачата. Затоа што ова е многу компромисна ситуација за змејата, ако не сте способни да се справите со тоа до крај скандалот ќе продолжи да влијае на развојот на земјата во следните години. Мора да биде расчистен овој хаос што е креиран. Во спротивно, ќе се врати како проблем по три, по пет години, по десет години. Затоа треба да им дадеме поддршка на специјалната јавна обвинителка и на нејзините колеги да ја завршат работата. Да им се дадат рсурси, поддршка и време потребни за завршување на работата?

 
Макфакс: Ни треба ли и специјален суд за спроведување на случаите од СЈО?
– Тешко е да кажам дали е потребен суд, но мислам дека треба да ѝ дадеме поддршка…

 
Макфакс: Шведска е една од главните дестинации за мигрантите, а Македонија беше тампон зона во последната мигрантска криза. Сега се очекуваат повторно мигранти по случувањата во Алепо и во Турција. Очекува ли Шведска и ЕУ Македонија да се справи со новиот бран бегалци?
– Најпрво, Шведска не е главна дестинација на мигрантите, тоа е Германија. Шведска лани прими 170.000 бегалци, што е многу голем број за земја како Шведска која има девет милиони жители. Тоа е многу голем број луѓе за една година. Мислам дека Македонија многу одговорно се снајде во оваа ситуација. Секако, очигледно е дека Македонија не е посакувана дестинација на бегалците , туку таа е само транзитна земја. Се снајдовте, а ние знаеме дека беше тешко за земјата затоа што вложивте многу ресурси, како полиција и други надлежни служби за да се справат со ситуацијата. Се надевам дека нема да видиме голем бран бегалаци кои повторно доаѓаа. Но мора да разбереме дека милиони луѓе има главно во Турција, кои доаѓаат од Средниот Исток. Исто, милиони се раселени во Сирија и во Африка. Ова е глобален проблем и мора со него да се справиме на глобален начин. На одговорен начин. Мора да покажеме меѓусебно солидарност. Шведска е многу разочарана што некои други земји во Европа не покажаа иста одговорност и желба да ги прифатат и да ги сместат бегалците. Не може само да подигнеш високи ѕидови. Исто така, мора да се справиш со проблемот на солидарен начин и да помогнеш во решавањето на овој голем проблем. Турција е во многу тешка ситуација. Огромна тежина има врз оваа земја да се справи со бегалците кои ги има во многу голем број. Не очекувам дека овој важен договор што го има Европската унија со Турција ќе се распадне. Сите мора да разбереме дека ова е голем проблем за Турција и треба да покажеме солидарност со Турција во начинот на кој се справува со бегалската криза.
Да, бегалската криза се чувствува во Шведска, доведе до зголемување на населението во Шведска и во други земји… но, сепак Шведска се уште има многу позитивен став кон проблемот и кај народот се уште има голема поддршка дека треба да помогнеме и да ги сместиме бегалците. Но мора да се направи тоа на многу поорганизиран начин. Шенген зоната не смее да се направи а ла карт, да дојдеш во Шенген зоната и да патуваш наоколу па да одбереш место и да останеш. Ние сите, како Европска унија, треба да покажеме солидарност. /крај/мф/бб

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет3 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет4 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет5 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа5 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет5 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет10 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет11 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет12 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија14 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија15 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет16 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет16 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет18 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет18 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет19 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет22 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија24 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет1 ден

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...