Контакт

Надворешна политика

Иванов – Ал Тани: Да се интензивира економската соработка меѓу Македонија и Катар

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, својата работна посета на Катар во четвртокот ја започна со средба со Емирот на Катар, Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани.

dobivaj vesti na viber

 

На средбата, прва по стапувањето на должноста на емирот Тамим Бин Хамад Ал Тани, е изразено заемно задоволство од подготвеноста за натамошен успешен развој на односите и соработката меѓу двете држави.

 

„Добрите политички односи, редовниот дијалог на највисоко ниво и солидната правна рамка создаваат услови за интензивирање на економската соработка и за катарски инвестиции во Република Македонија“, рече претседателот Иванов на средбата.

 

Во тој контекст, во наредниот период планирана е размена на официјални посети на највисоко ниво, а времето до нивната реализација ќе се искористи за натамошно унапредување на правната рамка и особено за изработка на конкретни економски проекти, со цел обезбедување на катарски инвестиции.

 

Емирот Ал Тани истакна дека катарските компании се подготвени за соработка со Македонија.

 

„Во наредниот период очекувам да се интензивираат контактите на бизнис ниво“, истакна емирот Ал Тани.

 

Како области во кои постои интерес за инвестирање се посочени земјоделието, производството на храна, градежништвото, инфраструктурата, туризмот, недвижностите, телекомуникациите.

 

Иванов го запозна емирот Ал Тани со поволниот инвестициски амбиент во нашата држава, со состојбите во македонската економија, како и за оценките на релевантните меѓународни фактори за реформските процеси и економските резултати.

 

На средбата се разговараше и за соработката на мултилатерален план. Договорено е да продолжи соработката и взаемната поддршка во системот на Обединетите Нации, особено во рамките на Алијансата на цивилизациите, каде Македонија и Катар имаат активна улога.

 

Емирот Ал Тани ја поздрави улогата на Македонија во рамките на Алијансата на цивилизациите.

 

„Македонскиот модел на почитување на различностите е исклучително позитивен пример, кој треба да се афирмира во рамките  на оваа глобална иницијатива“, рече катарскиот емир на средбата.

 

На средбата беа разменети информации за актуелните состојби во регионот на Југоисточна Европа и на Блискиот Исток.

 

 

 

Иванов упати честитки за организацијата на Светското првенство во ракомет и на емирот Ал Тани му посака успех на катарската репрезентација.

 

Иванов оствари средба и со шеикот Калифа бин Јасим Ал Тани, претседател на катарската стопанска комора. На средбата беа разменети информации за можностите и интересот за интензивирање на економската соработка. Претседателот Иванов ги претстави поволностите што странските инвеститори ги имаат во Македонија. Претседателот на катарската стопанска комора вети дека наскоро ќе испрати тим во Македонија за испитување на можностите за економска соработка, и истакна дека ги очекува заинтересираните македонски компании во Доха./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ2 часа

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија3 часа

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија3 часа

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија4 часа

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија4 часа

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ5 часа

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија5 часа

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија7 часа

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет8 часа

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет9 часа

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет9 часа

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија9 часа

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија20 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија21 час

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија22 часа

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија1 ден

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија1 ден

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија1 ден

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...