Контакт

Надворешна политика

Иванов: Атина може да го забави, но не и да го спречи патот на Македонија кон ЕУ

Објавено пред

Иднината на Република Македонија е во НАТО и во Европската унија, истакна шефот на македонската држава, Ѓорге Иванов во своето годишно обраќање во Собранието, додавајќи дека, за жал, откако во 2005 година земјата стана кандидат за членство во Унијата, Европскиот совет не успеа досега да најде начин за земјата да ги започне преговорите за членство. 

dobivaj vesti na viber

 

„Знаеме колкави се штетите и знаеме кои се последиците од блокадите на нашето членство во НАТО и во Европската унија. Блокадите предизвикуваат фрустрации во македонското општество, нестабилност во политичкиот живот и тензичност во меѓуетничките односи “, рече Иванов.

 

„Последиците ги гледаме и ги чувствуваме. И токму овие последици од блокадите сега некои ни ги наведуваат како причина за неможноста да ги отпочнеме преговорите за членство во Унијата. Не е тешко да дојдеме до заклучокот. Ние сме сега всушност блокирани и поради последиците од наметнатата блокада,“ рече македонскиот претседател.

 

Претседателот Иванов, нагласи дека двојните стандарди со кои сме соочени не можат да ја победат вистината, и потсети дека во историјата сме минале низ многу премрежја.

 

„Нè негирале, бришеле и игнорирале. Нè асимилирале, делеле и раселувале. Но, и покрај сè, сме издржале. Како што пред 70 години, на АСНОМ, успеавме да создадеме наша сопствена држава, така денес, сме уверени дека ќе станеме членка на Европската унија и НАТО. Затоа што Македонија ја градиме во нас, од нас, за нас, за да живееме и ние и идните генерации во мир и благосостојба, рече Иванов.

 

Тој рече дека официјална Атина може да го забави, но не и да го спречи нашето поврзување со Европа, не може веќе да ги спречи македонските граѓани да патуваат низ Европа, македонските компании да тргуваат со Европа.

 

„Официјална Атина може да ни го забави патот кон Брисел, но не може да нè спречи да ги имаме европските вредности, стандарди и критериуми. А токму тие се целта на нашиот европски пат – да ја донесеме Европа во Македонија. Наша обврска е да ги спроведеме реформите, да ги постигнеме стандардите и принципите, да ги обезбедиме човековите права и правото на човечко достоинство, за доброто на граѓаните на Македонија“, истакна претседателот Иванов.

 

Македонскиот претседател во своето обраќање искажа поддршка за реализираните заеднички седници на владите од нашиот регион, притоа додаде дека во таа насока се и неговите чести средби со сегашните и поранешните претседатели од регионот.

 

„Се надевам дека со идниот претседател и на нашиот јужен сосед ќе го надоместиме она што е пропуштено во изминативе две децении. Крајно време е заедно да видиме што сè сме пропуштиле и сè што сме изгубиле во неповрат, и сè што можеме да добиеме ако ја надминеме оваа бариера во нашите односи. Која ќе биде користа за граѓаните на двете земји, за македонскиот и за грчкиот народ, но и за поширокиот регион во целина“, подвлече Иванов.

 

Во однос на нашата надворешна политика, шефот на државата нагласи дека продолжуваме да се водиме од принципот на отвореност кон сите, која како што рече не е само декларативна, туку конкретна, и побара од македонската дипломатија да биде максимално активна и отворена.

 

 „Уште од првиот ден на вториот мандат, продолжив со истиот интензитет. За само седум месеци имав 10 посети на странски држави и над 40 средби и разговори со некои од највлијателните државници во светот за суштествените прашања што се однесуваат на Македонија, “ рече македонскиот претседател, и истакна дека наша цел е да градиме добри односи со сите добронамерни држави во светот, а најдобри можни односи со сите наши соседи./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Католиците ширум светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет35 минути

Трката по суперинтелигенција: Технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на Гардијан, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет1 час

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија12 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија13 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија14 часа

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија16 часа

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија18 часа

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија19 часа

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...

Македонија20 часа

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...

Македонија20 часа

(Видео) „100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја“, прашува Димитријевиќ

„Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема...

Македонија20 часа

Вонредни екипи ќе ги читаат броилата за време на празниците и викендите

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000...

Македонија21 час

Нов дефокус, сега Бугарите се криви за покачувањето на струјата, велат од СДСМ

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за...

Македонија22 часа

Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа...

Македонија22 часа

„Една од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ‘ЕСМ снабдување со топлина’, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји...

Македонија23 часа

Додека граѓаните плаќаат најскапа струја, власта се правда дека покачувањето е минимално, велат од партијата Левица 

„Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија...

Македонија23 часа

„Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“

„Вчера, на седницата на Владата, беа донесени две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната...

Европа23 часа

(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница

Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во...

Европа23 часа

(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал

Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција,...

Европа23 часа

Папата: Русија се чини дека го одбила барањето за примирје за Божиќ

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет вчера вечер, без да спомене никаков конкретен конфликт, но...