Надворешна политика
Иванов – Дачиќ: Македонија високо ја цени улогата на ОБСЕ и поддршката во повеќе сфери
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во средата се сретна со српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој во улога на претседавач на ОБСЕ престојува во работна посета на Македонија.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во средата се сретна со српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој во улога на претседавач на ОБСЕ престојува во работна посета на Македонија.
На средбата Иванов истакна дека Македонија високо ја цени улогата на ОБСЕ и поддршката што ја дава на земјата во повеќе сфери, како владеење на правото, изборниот процес и законодавство, поддршка на области како што се полицијата и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи и соживотот.
Иванов изрази задоволство од фактот што Србија, како земја сосед на Македонија, претседава со ОБСЕ, и во тој контекст изрази уверување дека српското претседателство на „соодветен начин ќе ги изрази интересите на регионот“.
Македонија, истакна претседателот Иванов, целосно ја поддржува работата на организацијата и на српското претседателство.
Иванов му потенцираше на Дачиќ дека за Македонија останува клучниот предизвик да се деблокира статус-кво состојбата во интеграциите, додавајќи дека евроатлантските интеграции даваат дополнителна кохезивна сила во македонското општество.
На средбата беше разговарано и за состојбите во поширокиот регион, како и за актуелните ангажмани на српското претседателство со ОБСЕ, особено во контекст на справувањето со феноменот на странски борци и насилниот екстремизам.
Српското претседавање со ОБСЕ, порача Иванов, треба да се искористи за зајакнување на соработката во нашиот регион по прашањето за справување со насилниот екстремизам и странските борци, истакнувајќи дека се потребни соодветни проекти, во соработка со ОБСЕ, за соочување и превенција од овие закани.
Соговорниците разменија мислења и за кризата во Украина, како еден од актуелните приоритети на организацијата. Во таа насока, Иванов уште еднаш ја нагласи поддршката на напорите на ОБСЕ и на српското претседателство за изнаоѓање на дипломатско решение на проблемот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.