Контакт

Надворешна политика

Иванов: ЕУ на Балканот е сé уште идеја со огромна трансформирачка моќ

Објавено пред

Европската идеја, покрај се што се случува на Балканот, е се уште идеја со огромна трансформирачка моќ, и не постои друга идеја на Балканот која може да ги принуди балканските земји доброволно да се менуваат, истакна во вторникот претседателот Ѓорге Иванов на 25. Европски форум во Круница Здруј, Полска, на сесијата на тема „Кон флексибилна Европа: Стратегии за иднината“.
 

dobivaj vesti na viber

Во услови на криза, како што рече Иванов, Европската унија не функционира затоа што не може да носи одлуки.

„Во криза кога не можете да носите одлуки, тогаш кризата се зголемува и се предизвикуваат многу штети“, изјави Иванов.

„Ние како и другите земји на Балканот ја сакаме Европа, не во овој момент да стигнеме до неа, туку да патуваме кон неа. Повеќе ни е поважен патот кон неа, отколку самото членство во неа, затоа што сите европски стандарди и принципи се усвојуваат кога почнуваат преговорите. Поглавје по поглавје како земја се европеизирате. Тоа ни треба на сите балкански земји да се европеизираме, да имаме европски стандарди, критериуми и принципи“, рече Иванов.

Покажавме, истакна македонскиот претседател, дека и во услови на најголема економска криза Македонија може да се справи економски, дури бевме и единствена земја која има највисок економски раст за време на економската криза.

Една од темите на сесијата, на која учествуваа и полскиот претседател Анджеј Дуда и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ беше и мигрантската криза.

Говорејќи на оваа тема,  претседателот Иванов посочи дека администрацијата и полицијата во Македонија секој месец троши над милион евра за да обезбеди вода, храна и заштита на мигрантите, а како што додаде од ЕУ досега имаме добиено 90 илјади евра.

Според Иванов, поучна за овој период е мислата на Бенџамин Френклин кој кажал  „Ќе се држиме заедно или ќе висиме одделно“. – Тоа се случува сега себичноста создава сосема поинаква претстава за другиот, како и сосема поинакви претстави и за исламот и за бегалците и за мигрантите, рече Иванов.

Како луѓе кои живееме на континентот Европа, нагласи Иванов, треба да знаеме дека најголемата потврда дека ЕУ ја заслужи Нобеловата награда за мир се токму бегалците. – Секој од нив вели дека доаѓа во Европа токму поради мир, нагласи македонскиот претседател.

Претседателите на Полска и Хрватска на панелот меѓу другото истакнаа дека мора да продолжи проширувањето на ЕУ, затоа што тоа според нив, ќе ја зајакне Европа на економско ниво.

Иванов во неделата оствари и билатерална средба со полскиот колега Анджеј Дуда, на која се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји, за соработката во сферата на одбраната и безбедноста,  за економската и образовната соработка, како и за претстојниот Самит на НАТО во 2016 година во Полска, во контекст на можностите за деблокирање на членството на Македонија, како и за состојбите во ЈИЕ и мигрантската криза.

По повод Денот на независноста на Република Македонија во Круница Здруј беше организирана Македонска вечер на која беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија.

Шефот на македонската држава во среда ќе учествува на Форумот на млади лидери на сесијата „Лидери на утрешнината-Какви лидери и се потребни на Европа во 21 век“.

Во фокусот на годинешниот економски форум е економската и политичката ситуација во Европа и во светот, енергетската безбедност и иновациите.

Економскиот форум, кој оваа година се одржува  25. пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката во овој дел од континентот. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поволна клима за разој на политичката и економската соработка во Европа.

Во македонската делегација, предводена од претседателот Иванов е и министерот без ресор Фуркан Чако, кој пред полските бизнисмени ќе ги презентира поволностите и можностите за инвестирање во Република Македонија./крај/мф/бс

 

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија5 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија7 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија7 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија7 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија8 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет10 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет10 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион22 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија23 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет1 ден

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ1 ден

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ1 ден

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија1 ден

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија1 ден

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија1 ден

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ1 ден

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија1 ден

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...