Надворешна политика
Иванов ги прими акредитивите на амбасадори на Канада, Намибија и Екваторијална Гвинеја
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвтокот ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Канада, на Република Намибија и на Република Екваторијална Гвинеја за Република Македонија.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвтокот ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Канада, на Република Намибија и на Република Екваторијална Гвинеја за Република Македонија.
На средбата со новоименуваниот амбасадор на Канада, Н.Е. г. Филип Пинингтон, претседателот Иванов, истакна дека Република Македонија ќе продолжи да придава големо значење на натамошното унапредување на севкупните односи, со фокус на интензивирањето на економската соработка, трговијата и инвестициите, како и на унапредување на правната рамка. Македонскиот претседател изрази благодарност за континуираната и безрезервна поддршка што Канада ѝ ја дава на Република Македонија, во процесот на нејзиното евроатлантско интегрирање.
„Во претстојниот период се надеваме на уште позасилена поддршка и лобирање од влијателна Канада во рамките на Алијансата, со цел што поскоро ефектуирање на поканата за заслуженото членство на Македонија во Алијансата“, порача во поздравниот говор претседателот Иванов, и додаде дека Македонија континуирано ја докажува својата посветеност за вредностите што ги споделуваат членките на НАТО, во насока на заштита на регионалниот и на светскиот мир и безбедноста, вклучително и преку учеството на македонските војници во меѓународните мировни мисии.
Средбата по повод предавањето на акредитивните писма од страна на амбасадорот на Република Намибија, Н.Е. г. Симон Мадјумо Марута, беше искористена за реафирмирање на заедничката желба за развивање на соработката меѓу двете земји, како на билатерален така и на мултилатерален план.
„Посебно би сакал да ја истакнам нашата желба за збогатување на нормативно-правната рамка за уредување на билатералните односи и соработка, како и нашиот интерес за испитување на можностите и воспоставување на економска соработка“, истакна претседателот Иванов.
На средбата по повод предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Република Екваторијална Гвинеја, Н.Е. г-ѓа Сесилиа Обоно Ндонг, претседателот Иванов го нагласи интересот за поинтензивно развивање на пријателските односи меѓу двете земји, во сите сфери од заеднички интерес.
„Ја користам оваа пригода, да ја нагласам нашата подготвеност за содржинско унапредување на меѓусебната соработка, подеднакво на билатерален и на мултилатерален план. Верувам дека и Вие со Вашиот ангажман, ќе дадете свој придонес во оваа насока. Бидете уверени дека во вршењето на Вашите дипломатски должности ќе ги уживате нашата целосна поддршка и помош“, рече македонскиот претседател.
Претседателот Иванов, на новоименуваните амбасадори, им честита за функцијата и им посака успех во вршењето на одговорната дипломатска должност, се вели во соопштението на кабинетот на Иванов. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.