Контакт

Надворешна политика

Иванов ги прими акредитивите од амбасадорите на Австрија, Холандија и Хрватска

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во понеделникот ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Австрија, Холандија и Хрватска во Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Австрија, Ренате Коблер, претседателот Иванов истакна дека Македонија и Австрија во изминативе две децении изградија стабилни и цврсти пријателски и партнерски односи, засновани на меѓусебна доверба и заемно почитување.

„Република Австрија е втор инвеститор во Република Македонија, а австриската бизнис-заедница и австриските компании со успех дејствуваат на македонскиот пазар. Отворени сме и подготвени за натамошно продлабочување на овој посебно значен сегмент од нашата соработка. Се надевам дека и Вашето богато дипломатско искуство, кое високо го цениме, несомнено ќе даде голем придонес за таа цел”, рече Иванов во поздравното обраќање и додаде дека со заеднички напори очекува во наредниот период нов импулс и дополнителна енергија за преоѓање во уште подинамична и понапредна фаза од развојот на односите и соработката меѓу двете земји.

Новоименуваниот австриски амбасадор Ренате Коблер истакна дека ќе се заложи за продлабочување и проширување на односите помеѓу двете земји, како и за унапредување на евроатланската интеграција на Република Македонија. Во поглед на актуелната состојба со мигрантите на македонската граница, амбасадорката Коблер изрази подготвеност за да се продолжи со напорите и поддршката за Македонија во однос на зголемувањето на капацитетите на граничната администрација и системот за азил, заедно со европските институции и другите земји – членки на ЕУ.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Холандија, Вилем Ваутер Пломп, Иванов истакна дека помеѓу двете земји веќе две децении постои континуирана и тесна соработка во повеќе области од заемен интерес, што е во полза на граѓаните на двете земји. Македонскиот претседател рече дека Македонија високо ги вреднува несебичните и посветени активности кои Холандија ги вложува за директно помагање на македонското општество во однос на процесите кои водат кон европска трансформација.

„Развојната соработка е јадрото на традиционалното партнерство меѓу нашите две држави и двигател на сè поинтензивната соработка на секторско ниво. Привилегија за Република Македонија е да гради и да одржува сеопфатна интеракција со Кралството Холандија, земја-основач на НАТО и на Европската унија, како и предводник на полето на владеењето на правото“, рече Иванов.

Новоименуваниот холандски амбасадор Вилем Ваутер Пломп нагласи дека Кралството Холандија и понатаму ќе остане силен поддржувач на интеграцијата на Република Македонија во евро-атланските структури, а во однос на билатералната соработка ќе се продолжи со пружање на практична помош преку ИПА инструментите на ЕУ, твининг договори и билатералната програма МАТРА.

„Нема сомнение дека Македонија, која секогаш била дел од европската историја и која во последните денови се справува со зголемениот број на бегалци и мигранти кои се на пат кон Западна Европа, ќе може да го даде својот придонес кон развојот на европските институции во 21. век како мулти-етничка и мулти-културна демократија,” истакна г. Ваутер Пломп.

На свеченоста по повод предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Хрватска, Данијела Баришиќ, претседателот Иванов ја нагласи сестраната соработка меѓу двете земји на сите полиња од заеднички интерес и констатираше дека постои јасно изразена волја за интензивирање на економската соработка и трговската размена, со заедничка цел за целосно искористување на економските потенцијали на двете земји. Македонскиот претседател изрази задоволство и од соработката кои двете земји ја имаат и на мултилатерален план за што е доказ редовната меѓусебна поддршка во меѓународните организации.

„Во целиот регион сè уште има сериозни предизвици, чиишто извори се од минатото. Нема друга одржлива сила што неповратно ќе го стабилизира Балканот и ќе донесе траен мир, освен евроатлантските интеграции. Затоа, оправдано очекуваме од Република Хрватска уште позасилена поддршка во наредниот период”, подвлече претседателот Иванов.

Новоименуваниот хрватски амбасадор Данијела Баришиќ истакна дека нејзиниот мандат ќе биде насочен кон зајакнување на заемните економски односи, за што постојат многу можности, особено во прехрамбената, фармацевтската индустрија и градежништвото, како и на политички и на безбедносен план, нагласувајќи дека Хрватска и понатаму е подготвена на секој начин да и помогне на Македонија на нејзиниот пат во Европската унија и НАТО и тоа не како патрон, туку како партнер.

„Нашиот заеднички интерес како на земјите од регионот и на Европска унија е политичка стабилност, а спроведување на реформи на патот на евро атлантските интеграции е најдобра гаранција за постигнување на безбедност и стабилност”, рече г-ѓа Баришиќ.

Иванов на новоименуваните амбасадори им честита за функцијата и им посака успех во вршењето на одговорната дипломатска должност./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Меѓународниот аеродром во Дубаи е погоден од дрон. По инцидентот, жителите започнаа евакуација во градот. ⚡️ BREAKING: A drone struck...

Македонија1 час

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет1 час

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет2 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет5 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија6 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет6 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет11 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет12 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија13 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет13 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет14 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет14 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија1 ден

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија1 ден

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ1 ден

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија2 дена

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...