Контакт

Надворешна политика

Иванов и Попоски на 71-та сесија на Генералното собрание на ОН

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од неделата ја предводи македонската делегација во чиј состав ќе биде и министерот за надворешни работи Никола Попоски, којашто ќе престојува во работна посета на Соединетите држави, по повод учеството на 71-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од неделата ја предводи македонската делегација во чиј состав ќе биде и министерот за надворешни работи Никола Попоски, којашто ќе престојува во работна посета на Соединетите држави, по повод учеството на 71-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

 

Претседателот Иванов ќе има обраќање на генералната дебата на 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема: „Одржливи развојни цели: универзален притисок за трансформирање на нашиот свет“. Воедно, македонскиот претседател ќе се обрати на пленарната сесија на состанокот на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации, посветена на големите движења на бегалци и мигранти.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, како и повеќе други билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

За време на работната посета на Њујорк, претседателот Иванов ќе оствари средба со Високиот претставник на ОН за Алијансата на цивилизациите, Насир Абдулазиз Ал-Насер и ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу ФОЦ – Фондацијата Алијанса на цивилизации од Скопје и UNAOC – Алијанса на цивилизациите на ОН.

Во рамки на работната посета на САД, македонскиот претседател ќе оствари средба и со претставниците на македонската дијаспора во Њу Џерси.

Во официјалната делегација предводена од претседателот Иванов е и вицепремирот на македонската влада и министер за надворешни работи Никола Попоски. Во рамки на престојот во Њујорк, министерот Попоски ќе се обрати на бројни состаноци на министерско ниво, организирани како во рамките, така и на маргините на 71-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. За време на настанот, Попоски ќе оствари и бројни билатерални средби.

Иванов за време на посетата на Њујорк ќе биде придружуван од својата сопруга, Маја Иванова, која во рамки на дамската програма ќе учествува на повеќе настани, меѓу кои на 9-та Годишна конференција со фокус на аутизмот, во организација на фондацијата „Аутизмот зборува“. Иванова на покана на сопругата на претседателот на САД, ќе присуствува на приемот кој го приредува Мишел Обама, како и на приемот во организација на сопругата на Генералниот секретар на ОН, Бан Сон-Таек. /крај/мф/бс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели...

Македонија1 час

Преспанци ќе добијат можност сами да предложат како да се уредат 30 локации на кои досега на диво трупаа ѓубре

Купишта ѓубре безмалку на секоја улица и силна смрдеа ги пречекуваат и оние малкумина туристи што ќе одлучат да ја...

Македонија1 час

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар

Од 15:05 часот сообраќајот на регионалниот пат Р-1202, Маврово – Дебар, кај местото викано „Ростушко анче“ е нормализиран, извести АМСМ....

Македонија2 часа

(Видео) „Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и ‘шарените’ знаат само да злоупотребуваат трагедии“, вели Манасиевски

„Истрагата за Кочани од страна на МВР е спроведена во целост и без поштедување кого било, како што тоа во...

Македонија3 часа

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија5 часа

(Видео) „Фирмата и сопругата на Салтировски донатори на ВМРО-ДПМНЕ, ете зошто власта ги штити“, вели Кузеска

„Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата...

Македонија5 часа

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Свет6 часа

Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура. Шефот...

Македонија7 часа

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради...

Македонија8 часа

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија8 часа

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија9 часа

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и...

Македонија9 часа

Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци,...

Македонија21 час

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет22 часа

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет1 ден

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија1 ден

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет1 ден

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет1 ден

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...

Македонија1 ден

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...