Контакт

Надворешна политика

Иванов: И во иднина ќе има напади како во Брисел, безбедносните служби мора да соработуваат

Објавено пред

И во иднина ќе се случуваат напади слични на оние во Брисел, а она што треба да се направи за тие да се спречат е поефикасна соработка помеѓу безбедносните служби на сите земји, изјави во вторникот претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој оствари посета на Агенцијата за разузнавање, каде се информираше околу напорите кои беа направени во екот на мигрантската криза и големиот број на бегалци кои транзитираа низ Македонија, за да стигнат до западна Европа.
 

dobivaj vesti na viber

И во иднина ќе се случуваат напади слични на оние во Брисел, а она што треба да се направи за тие да се спречат е поефикасна соработка помеѓу безбедносните служби на сите земји, изјави во вторникот претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој оствари посета на Агенцијата за разузнавање, каде се информираше околу напорите кои беа направени во екот на мигрантската криза и големиот број на бегалци кои транзитираа низ Македонија, за да стигнат до западна Европа.

 

„И во иднина ќе се случуваат такви настани, службите мора да соработуваат и на безебедносен план да разменуваат информации. Да не робуваме на бирократски процедури, не сме биле во ЕУ, не сме имале право на пристап до базите, ние тоа го нудиме за безбедноста на континентот, безбедноста на другите земји во ЕУ кои и во иднина ќе се соочуваат со терористички напади и закани. Не само Европа, ова е планетарен феномен, терористички акти има насекаде низ светот, бидејќи сите тие што не и мислат добро на човековата цивилизација ги користат сите придобивки на 21-от век и се многу поиновативни и креативни од службите во државите кои по инерција како да се се уште останати во 20-от век. Моите критики беа упатени токму на тоа, да се менуваме и како држави и како служби и секојпат да бидеме проактивни и чекор пред сите закани кои постојат“, изјави претседателот Иванов, запрашан околу тоа како ги коментира последните терористички напади кои се случија во белгиската престолнина Брисел, а во кои животите ги загубија 28 лица, а имаше и многумина повредени.

Според Иванов, земјава своите забелешки околу безбедносниот аспект на бегалската криза ги упатила уште во октомври минатата година, кога барала пристап до базите на Фронтекс и Шенген, за да ги размени податоците кои ги има, а кои во тој момент биле исто така неопходни и за земјите од Европската унија.

„Конкретно ако некој дошол со фалсификувани документи и ние сме му ги одземале и ги имаме сите негови податоци, тогаш тие податоци треба да ги има секоја членка на Унијата за на таквото лице да не му даде азил. Меѓутоа немавме разбирање затоа што регулативата е таква што трети земји немаат пристап до такви бази и затоа ние реагиравме. Но после мојата изјава веќе имаме раздвиженост меѓу партнерските служби, тие доаѓаат се интересираат и ги користат податоците а очигледно ќе изелзе дека дел од овие што вклучени во Брисел, како и тие претходно во Париз, дел од нив ја користеле таа рута. Постојано се потенцираше на хуманитарниот аспект на кризата, сите инсистираа и навистина е неопходно тоа што на тие луѓе им е потребна помош и поддршка и справување со сето тоа што го доживеале, меѓутоа ние потенциравме за безбедносниот аспект на кризата, поради тоа што меѓу тие бегалци има и повратници од боиштата во Сирија. Да не бидеме наивни, само во Македонија имавме 72 повратници од лица коишто учествувале на боиштата, отишле како екстремисти се вратиле како терористи. Преку илјада лица од Балканот учествуваат во Сирија, а 60 отсто од нив се вратени, илјадници, односно има д три илјади повратници на територијата на ЕУ. Тие ги користеле овие рути на бегалците, меѓу нив продреле и се вратиле и сега еве што се случува“, рече Иванов.

Македонскиот претседател исто така додаде дека и покрај овие недостатоци со кои земјата се соочувала, таа успеала да покаже дека знае како да се справи со ваков предизвик, и тоа многу подобро од земји кои се членки на ЕУ и НАТО.

„Нашите граѓани, со исклучок на тие во Гевгелија и Куманово, не почуствуваа дека низ државата поминаа еден милион бегалци, поради тоа што сите институции функционираа за тоа Македонја да ја оствари улогата како транзит земја. Со тоа што се постигна договор меѓу Турција и ЕУ, може да се види на нашата јужна граница. Македонија ги има сите ризици што ги имаат земјите од опкружувањето и од Европа, гледате што се случи денес во Брисел. Заканите постојат но ние успешно се справуваме со нив и превентивно и проактивно делуваме, нашите граѓани треба да бидат спокојни, затоа што со сите ризици што досега постоеја, нашите институции во соработка со нивните партнерски служби ги спречуваа, а за многу од тие настани ќе се дознае во идно време кога атмосферата ќе биде поинакво. Ние како земја сме на една од најфреквентите рути, меѓу Блискиот Исток и Европа, и таа рута ја користеа и мигрантите но ја користат и тие што немаат добри намери. Гледаме дека има повратници од војната во Сирија, има т.н. екстремисти, терористи, криумчари и сите оние што се бават со овој профитен бизнис, односно сите се вклучија во шверцот на мигранти кој е најдоходовен, а според извештајот на Европол профитот од овој бизнис минатата година бил 6 милијарди евра“, објасни Иванов.

Иванов на крајот додаде дека сепак никој не треба да биде наивен и да мисли дека сите ризици се завршени, поради тоа што вакви работи ќе има и во иднина, но македонските институции го положиле т.н. стрес тест во однос на бегалската криза и се справиле како што тоа доликува./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион40 минути

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија2 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет2 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет3 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа3 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет3 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет3 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа4 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион13 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија14 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет16 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија19 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија22 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија22 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија23 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија24 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...