Контакт

Надворешна политика

Иванов: Македонија е подготвена веднаш да ја започне следната фаза од интеграциите во ЕУ

Објавено пред

Македонија е подготвена, веднаш и неодложно, да ја започне следната фаза од интеграцијата во Европската унија, но истовремено бара почитување на меѓународното право и на меѓународно преземените обврски, се вели во четститката што Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод 9-ти Mај, Денот на Европа, му ја упати во саботата на  Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет.

dobivaj vesti na viber

„Република Македонија бара еднаков и правичен однос од европското лидерство и од сите земји-членки на Европската унија и очекува да се примени позитивниот пример на паралелно движење во интеграцијата и во надминувањето на отворените билатерални прашања“, истакнува македонскиот претседател во дописот до челникот не Европскиот совет.

Македонскиот претседател, исто така, го уверува Туск дека земјата ќе го продолжи реформскиот процес со цел да ги достигне европските стандарди и критериуми, како и оти и натаму ќе продолжи да го дава својот придонес за регионалната соработка, во одржувањето на стабилноста и просперитетот на регионот на Југоисточна Европа.

Иванов нагласува дека на Македонија, како и на целиот регион на југоисточна Европа, им е потребна забрзана интеграција во Европската унија. И според него тоа е најдобриот начин регионот „целосно да се консолидира, да влезе во фаза на поголема стабилност и просперитет“, што истовремено, според македонскиот претседател, ќе претставува можност за консолидирање и на Европската унија.

„Одбележувајќи 65 години од Шумановата декларација, се потсетуваме на благородната визија за Европа како мировен проект што треба да донесе мир, надеж, просперитет на нашиот континент“, вели Иванов./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Клековски: Не сум виновен за хаосот што го остави СДСМ, нема да поднесам оставка

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањето на СДСМ,...

Македонија13 часа

Хаос на скопскиот аеродром, авиони се враќаат, маглата ги блокира летовите

Попладнево, поради густа магла, повторно се соочуваме со пореметувања на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Неколку летови се откажани, а...

Топ15 часа

(Фото) Уапсени двајца полицајци во Битола, кај нив се најдени тајни документи, оружје и 20.000 евра

Полицајци од СВР Битола, Б.Б. (чиј дом беше претресен) и Љ.К. (кој направил проверки за министерот Панче Тошковски), се уапсени...

Топ16 часа

76-годишен затвореник пронајден мртов во ќелија во Идризово

76-годишниот осуденик Б.Р. од Скопје бил пронајден починат во затворот Идризово. Вчера околу 18:22 часот во СВР Скопје од страна...

Свет18 часа

Трамп издаде итна наредба за две работи, веднаш стапуваат на сила

Министерството за внатрешни работи на САД соопшти дека Мексиканскиот Залив е официјално преименуван во Американскиот Залив, додека планината Денали сега...

Македонија18 часа

Лефков бара одговорност за мафијата на смртта предводена од Филипче

Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од владејачката коалиција, остро го критикува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, за...

Скопје19 часа

(Фото) Изгоре автобус на ЈСП во Сопиште, патниците се спасиле во последен момент

Еден од украинските автобуси на Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) со број 58 се запалил денеска во Општина Сопиште. Според сведочењата...

Топ20 часа

Скандал во охридската болница, ја тепала колешката пред пациенти

Во Општата болница во Охрид вчера се случи несекојдневен инцидент што ја вознемири јавноста. Околу 13:25 часот, полицијата добила пријава...

Економија21 час

„Стандард и Пурс“ потврди, кредитниот рејтинг на Македонија задржан со стабилни изгледи

Македонија доби потврда од кредитната агенција „Стандард и Пурс“, задржувајќи го кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи. Овој позитивен извештај...

Свет23 часа

Ескорт дама открива што велат ултрабогатите зад затворени врати во Давос

Една елитна ескорт дама откри што се случува зад затворени врати во Давос за време на Светскиот економски форум, вклучувајќи...

Македонија23 часа

15-годишник возел автомобил полн со оружје, таткото заработи кривична пријава

Оружје било пронајдено во автомобил што го управувал малолетник кој овој месец наполнил 15 години, откако било запрен од полицијата...

Свет24 часа

(Видео) Семејно насилство, алкохол и котроверзии! Пит Хегсет е новиот министер за одбрана на САД

Пит Хегсет е избран за министер за одбрана на САД со тесно мнозинство, откако Сенатот не успеа да донесе конечна...

Македонија1 ден

Магла наутро, сонце попладне, УХМР открива што нè очекува следните денови

Времето денеска во Македонија ќе биде претпладне магловито по одделни котлини, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време...

Топ2 дена

Еден загинат во сообраќајна незгода кај Крива Паланка: возилото излетало од пат и се превртело

Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, кога автомобилот „фолксваген голф“ излетал...

Европа2 дена

Путин: Најдобро би било јас и Трамп да се сретнеме

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој и Доналд Трамп треба да се сретнат за да разговараат за војната во...

Свет2 дена

Хамас ги објави имињата на четирите заложнички кои ќе бидат ослободени викендов

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел од посредник добил листа на затвореници кои Хамас ќе ги ослободи...

Македонија2 дена

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, утре максималната температура од 8 до 16 степени

Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена...

Македонија2 дена

Спорната пратка за Хрватска содржи свеж кељ а не зелка, и во истата нема пестициди, велат од Државниот инспекторат за земјоделство

Државниот инспекторат за земјоделство излезе со соопштение по добивањето на известувањето од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF –...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните цели не се реализираат, а тоа е полноправно членство во ЕУ

„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат гризење на совеста, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас...

Македонија2 дена

МВР за уапсените за тероризам: Планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Четворица терористи, со идеологија на ИСИС, беа уапсени во Македонија, а од МВР информираа дека планирале напади. За првопријавениот постојат...