Надворешна политика
Иванов: Македонија и Швајцарија се поврзани преку афирмацијата на човековите права
Македонија и Швајцарија имаат добри билатерални односи и соработка. Двете земји ги поврзува нивната посветеност кон афирмација на човековите права и моделите на соживот кои се негуваат во нив, оцениле претседателите на Македонија и на Швајцарија, Ѓорге Иванов и Дидије Буркхалтер на средбата во Берн.
Иванов и Буркхалтер, како што соопшти кабинетот на македонскиот претседател, изразиле задоволство од развојот на билатералните односи и од соработката меѓу двете земји во годината кога се одбележуваат две децении од воспоставувањето на дипломатските односи.
Македонскиот претседател на средбата истакнал дека Македонија и Швајцарија ги поврзува нивната посветеност кон афирмацијата на човековите права, моделите на соживот кои се негуваат во двете земји, а се темелат на принципот на почитување на различностите, ангажманот на двете земји во рамките на меѓународните организации.
„Швајцарија е голем пријател на Македонија и ме радува што оваа средба ја остваривме во време кога одбележуваме 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Во овие години имавме сесрдна поддршка и помош од Швајцарската Конфедерација за голем дел проекти, а нивната техничка помош продолжува и во следниов период. Во нивниот буџет се издвоени повеќе од 80 милиони швајцарски франци за проекти во Македонија“, изјави претседателот Иванов по средбата.
Швајцарскиот претседател Буркхалтер изразил уверување дека соработката и поддршката за Република Македонија ќе продолжи и во иднина.
„Голем е придонесот на бројната заедница на иселениците од Македонија кои живеат и работат во Швајцарија во одличните односи кои ги постигнавме овие 20 години, истакнал Буркхалтер, и дека постојат големи потенцијали кои недоволно се искористени во сферата на економијата“, потенцирал Буркхалтер.
Иванов изразил очекување дека условите за започнување на бизнис во Македонија, што се препознаени од релевантни економски институции, ќе го привлечат вниманието на швајцарските компании за инвестирање во нашата земја.
Според Иванов, значајно е тоа што во овој период Швајцарија претседава со ОБСЕ и претседателот Буркхалтер е претседавач со оваа организација. Во контекст на случувањата во повеќе кризни жаришта и импликациите кои се предизвик и закана за целиот регион, Иванов ја истакна потребата од зајакнување на соработката на земјите од регионот.
„Јасна е и потребата од ангажман и поддршка на ОБСЕ преку проекти и иницијативи за нашиот регион кои ќе соодветствуваат на новите предизвици и закани, негативните влијанија од кризните жаришта, со цел нивно превенирање и соочувањето со истите, нагласил Иванов, истовремено упатувајќи честитки за швајцарското претседавање.
Буркхалтер го информира Иванов за планираните претстојни активности во рамките на швајцарското претседавање со ОБСЕ со цел осигурување и зајакнување на безбедноста и сигурноста во Европа.
„На средбата стана збор за она што го разговаравме и на Генералното собрание и на Советот за безбедност и со госпоѓата Меркел, дека нашиот регион има потреба од поинтензивна комуникација и размена на информации за сите настани што се случуваат во наша непосредна близина, на Блискиот Исток, во Украина“, рече шефот на македонската држава.
Претседателот Иванов изјави дека ОБСЕ, дел од своите програми кои што веќе ги има, ќе ги ангажира и во нашиот регион, кои што се однесуваат пред се на тие што во следните децении ќе се враќаат и кои треба да се ресоцијализираат, да се вклучат во секојдневниот живот, односно да се дерадикализираат, оти нивниот престој на боиштата ги инфицира од многу радикални идеи кои што се туѓи за нашиот соживот и нашата традиција.
„Ние со муслиманите во Македонија, во овој регион живееме со векови, и не може да се генерализира, како што тоа е претставено во некои медиуми, дека тоа што го прават џихадистите го прават сите муслимани. Од наш интерес е, нашиот модел на соживот, нашата традиција на меѓусебна и меѓурелигиска почит да продолжи и да не биде нарушена од ваквите екстремисти и поединци кои од нивни причини влегуваат во такви авантури“, изјави Иванов./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.