Надворешна политика
Иванов: Македонија нуди помош за да и се помогне на Европа
За Република Македонија е исклучително важно Европската унија (ЕУ) да вложи максимални напори за да обезбеди единство по прашањето со мигрантската криза и сеопфатен одговор, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по вонредниот Самит на земјите од Вишеградската група (В4) што се одржа во Прага.
За Република Македонија е исклучително важно Европската унија (ЕУ) да вложи максимални напори за да обезбеди единство по прашањето со мигрантската криза и сеопфатен одговор, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по вонредниот Самит на земјите од Вишеградската група (В4) што се одржа во Прага.
„Сакаме како Македонија да бидеме дел од севкупниот безбедносен систем на европскиот континент затоа што навистина треба да се стави акцент на безбедносниот карактер на мигрантската криза, прашање кое многу беше запоставувано од страна на Европскиот совет, но сега има потреба да се справат со сите предизвици од безбедносен аспект бидејќи се забележани активности на поединци кои го користат коридорот да дојдат до одредени дестинации каде веќе преземаат активност како што видовме во минатото“, посочи Иванов и додаде дека со регулирање на протокот на мигрантите, односно кога ќе може да се контролира кој влегува и кој излегува од земјата ќе се има увид во секој аспект на кризата, па и безбедносниот.
Додаде дека ситуацијата на терен се менува од час во час и дека Армијата и полицијата на Република Македонија заедно со странските полициски сили меѓу кои има и од В4 државите, со максимална посветеност делуваат со цел контрола и канализирање на движењето на мигрантите, на намалување на безбедносните ризици во подрачјата зафатени со криза.
„Од Македонија, земја-кандидат се очекува да го носи товарот што многу поголеми и економски помоќни држави-членки на Унијата не можат, не сакаат да го носат. Од Македонија, земја-кандидат, се очекува да се однесува поодговорно од земји-членки. Ние не бегаме од оваа обврска. Но, за да го носиме тој товар, бараме гаранции од Европската унија за политичка, безбедносна и економска поддршка. Бараме и очекуваме решение од Европскиот совет во кое Грција ќе има удел, немаме никаков интерес целиот товар да падне на Грција, но нема да дозволиме да се реализираат еднострани решенија што ќе бидат на наша штета“, изјави Иванов.
Тој додаде дека земјата опстојува на барањата и предлози изнесени на вонредниот Самит во Брисел од 25 октомври минатата година.
„Остануваме на нашите барања дадени уште во октомври во Европскиот совет кои се уште не се исполнети. Се уште бараме опрема за биометрски податоци, пристап до базите на Шенген и Фронтекс, Фронтекс да биде поставен на границата за сите оние што не се евидентирани во Грција да се евидентираат во Македонија и тоа да биде од корист за сите членки од Унијата“, истакна претседателот Иванов.
Тој повика од ЕУ да покаже солидарност за земјите кандидати за членство како и Вишеградската група и ургентно да помогне за да може и тие да помогнат на Унијата, но и на Европа како континент./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.