Контакт

Надворешна политика

Иванов – Митов: Јасно ангажирање на ЕУ за стабилизација на Македонија

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во неделата во Охрид оствари средба со шефот на бугарската дипломатија  Даниел Митов, со кого разговараа околу актуелните политичко-економски состојби во двете земји, како и за севкупните состојби во регионот, со посебен нагласок на предизвиците поврзани со стабилноста, безбедноста и евроатлантските процеси.

dobivaj vesti na viber

Информирајќи го бугарскиот министер за актуелната политичка состојба во Македонија, Иванов истакна дека е неопходно сите политички фактори да делуваат одговорно, да се ангажираат во конструктивен дијалог во насока на институционално решавање на сите предизвици, согласно Уставот и законите на Македонија.  Во тој контекст, македонскиот претседател укажа на последиците од статус-кво состојбата со македонските евроинтеграции кои излегуваат на површина во моменталната политичко-безбедносна состојба во Македонија.

Двајцата соговорници констатираа дека е потребно јасно и категорично ангажирање на Европската унија во процесот на стабилизација на земјата и продолжување со европските и евроатлантските интеграции.

Претседателот Иванов и министерот Митов го потврдија заемниот интерес за унапредување на политичкиот дијалог на високо ниво. Заедничка  констатација е дека постои интерес меѓу двете земји за надминување на предизвиците и за натамошно зајакнување на билатералните односи. Иванов ги потврди заложбите за натамошен дијалог и продолжување со работа на групите за усогласување на Договорот за добрососедство пријателство и соработка, притоа реафирмирајќи ја определбата на Македонија за најдобри можни односи и соработка со сите соседи, како врвна стратешка цел, покрај евроатлантските интеграции и регионалната соработка.

„Република Македонија и Република Бугарија ја споделуваат визијата за Регионот, целосно интегриран во европските и евроатлантските структури, во овој процес поддршката од соседите е есенцијална“, истакна претседателот Иванов, изразувајќи очекување дека Република Бугарија ќе даде силна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори со Република Македонија, како и поддршка за прием во НАТО.

Двајцата соговорници се согласија дека постои простор за интензивирање на соработката меѓу двете земји, како и за зајакнување на меѓусебната доверба, преку реализација на практични проекти во сферата на образованието, културата, економијата, евроинтеграцискиот процес, здравството, инфраструктурното поврзување, енергетиката, транспортот и животната средина./крај/мф/бс

 

 

 

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 часа

(Фото) Ангелов: Пожарот над скопско Батинци е намерно подметнат, имаме целосна контрола над огнот

Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Поради ветерот пожарот се ширеше...

Македонија19 часа

(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше...

Економија19 часа

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати...

Македонија20 часа

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела за степенот на загадување и доцнела со реакција по...

Македонија22 часа

(Видео) Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа...

Свет23 часа

Полска подигна борбени авиони поради руски напади врз Украина

Полските воздухопловни сили, заедно со сојузнички сили од НАТО, утрово беа ставени во состојба на највисока борбена готовност поради масовните...

Свет23 часа

Лекорни: Франција размислува за воведување на опционален воен рок

Канцеларијата на францускиот премиер, Себастијан Лекорни, наговести дека е во тек воведување на ревидиран, опционален воен рок во земјата. Доброволниот...

Свет24 часа

Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври...

Свет24 часа

Руското министерство за одбрана ги отфрла наводите за нарушување на естонскиот воздушен простор

Руското Министерство за одбрана објави, во врска со обвинувањата на Естонија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор...

Свет24 часа

„Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе добие детални информации за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија и...

Свет24 часа

Премиерот на Естонија бара консултации по член 4 од НАТО поради руските авиони

Естонија одлучи да побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на руски...

Македонија2 дена

(Видео) 13 лица приведени по масовна тепачка пред Градската општа болница во Прилеп

Полицијата попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата...

Македонија2 дена

Шест лица завршија во болница по труење со храна на семинар во Куманово, развиле температура до 41 степен, повраќање и дијареа

Шест лица завршија со симптоми на труење по семинар одржан на 11 септември во ресторан во Куманово, соопшти Центарот за...

Македонија2 дена

(Видео) Либералите бараат воведување електронска белезица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за насилниците по двојното убиство во Велес кога Илија, поранешниот партнер на Росица, ги...

Македонија2 дена

Под истрага четири лица, меѓу кои татко и ќерка за Трубарево – непрописно ги складирале батериите и тонерите, што ги загадија почвата и воздухот

Скопското Обвинителство отвори истрага против четири лица и една фирма поради загрозување на животната средина. Се сомничи дека во фирмата...

Македонија2 дена

Поврзаноста не се мери во „допаѓања“, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15 до 18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009 – 2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на осмиот...

Македонија2 дена

„По Апасиев и Мециновиќ, и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека...

Македонија2 дена

Два активни пожара во Гази Баба и во Гевгелија, под контрола пожарот на „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до...

Македонија2 дена

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе...