Контакт

Надворешна политика

Иванов: Мора да се свртиме кон регионот и предизвиците да ги решаваме со менаџирање

Објавено пред

Мора да се свртиме кон регионот, меѓу себе да комуницираме, да си помагаме. Мигрантската криза беше шанса за соработка со сите земји на Коридорот. Предизвиците не се решаваат со бирократија и дипломатија, туку со менаџирање, истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“, што во саботата вечерта се одржа во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Во своето излагање на пленарниот панел „Нов договор за ново време“, Иванов, рече дека е неопходна зголемена регионална соработка во сите сфери од заеднички интерес, како предуслов за попросперитетен, побезбеден и поуспешен регион кој мора да се интегрира во евроатланските структури. Посочи дека сите земји од регионот, пред се, треба да се свртат кон подобрување на инфраструктурата, економијата, енергетските проекти и кратење на бирокатските процедури. „Имаме потенцијал, остануваме оптимисти со искуство, односно реалисти“, рече претседателот Иванов.

Во однос на мигрантската криза, укажа на фактот дека милион бегалци поминаа низ нашата територија и оти ние сами како држава го решававме проблемот. – Додека Брисел размислуваше која акција да се преземе, ние донесовме одлука да прогласиме кризна состојба, да ја пратиме војската на границата и да регулираме проток. Кризата беше шанса да соработуваме со сите земји на Коридорот. Тоа беше позитивен пример како треба да се справиме со овие предизвици, истакна Иванов.

Македонија, која не е ниту во НАТО, ниту во ЕУ, додаде тој, требаше да ја спасува Европската унија од самата ЕУ. Македонија, како што рече, ја чува оградата и не дозволува мигрантите да одат во ЕУ. Според него, ОН, ЕУ, НАТО и ОБСЕ останале во XX век, не се снаоѓаат во XXI век.

„Македонија е школски пример за неуспешноста и на ЕУ и на НАТО. Македонија е школски пример како не треба да се однесува ниту НАТО, ниту ЕУ кон земја кандидат. Станавме колекционери. Имаме 17 акциони планови за членство во НАТО, за во Гинис, нема ниту една земја каде што повеќе е проверувана армијата од македонската армија“, истакна претседателот Иванов, кој по оваа изјава беше поддржан со силен аплауз од колегите од регионот.

Говорејќи за односот на Европската унија кон Македонија, рече дека досега имаме седум препораки за почеток на преговори, а нула промена.

„Стоиме во место. Зошто? Затоа што судбина ни било да имаме сосед со кој не може да излезе на крај ниту целата Европска унија, ниту целиот свет. Се вика Грција. А сакаат ние со нив да излеземе на крај, да најдеме решение за нешто што е наш идентитет и наша посебност, да менуваме име, идентитет, јазик, топоними… Кој ќе каже дека Т’га за југ не е македонски бренд, кој ќе каже дека музика од Македонија не е македонска музика, дека ајварот не е македонски продукт. Сакате сето тоа да ни го земете. Не го даваме. Ние го споделуваме и даваме да го користите како нешто што е придобивка на сите генерации пред нас и да го сочуваме за генерациите после нас“, истакна Иванов во текот на панел излагањето.

Според него, треба да се решаваат билатерални проблеми, но тие да се рационални, реални. Ги информираше присутните дека независно од политичките односи, Македонија има одлични економски односи со Грција.

„Не е точна тезата дека нерешавање на билатерални проблеми не создава економски односи. Најдобри односи имаме со Грција. Имаме преку 200 чисти грчки компании, а преку 400 мешани. Само македонските туристи секоја година во Грција оставаат една милијарда евра, во туризам и шопинг, а првите шест грчки компании имаат обрт преку една милијарда. Извонредни односи имаме со грчката бизнис заедница. Но, естаблишментот во таа држава останал во XX век, кога зборува за страв од Македонија“, рече Иванов.

Воедно, шефот на македонската држава истакна дека „Самитот 100“ е одлична можност за претседателите на државите од регионот да ги слушнат потребите и очекувањата од бизнис лидерите, претприемачи и стопанственици од цела Југоисточна Европа, бидејќи смета дека синергијата меѓу бизнис-заедниците и државите е особено неопходна денес. За таа цел тој ја истакна улогата на бизнис-соработката, како придонес кон успехот за целиот регион.

Претседателот Иванов упати покана до присутните на Самитот наредната година да бидат во Македонија, бидејќи тогаш нашата држава ќе биде домаќин на Брдо-Бриони процесот.

На регионалниот „Самит 100“, покрај шефот на македонската држава, учествуваа и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, Младен Иваниќ и Драган Човиќ, претседателите на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Србија Томислав Николиќ, на Албанија Бујар Нишани и на Косово Хашим Тачи.

На „Самитот 100“ учествуваа и бизнис лидерите и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа, а главни теми на дискусија беа одржливото снабдување со енергија, моделот на циркуларна економија, брендирање на регионот, транспорт и инфраструктура, создавање работна сила на иднината и кластер на автомобилската индустрија. Од Македонија беа присутни компаниите „Алкалоид“, „Тиквеш“ и „Стопанска банка Битола“.

На „Самит 100“, претседателот Иванов беше придружуван од министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф.

Овој самит во 2011 година заеднички беше инициран од Хрватска, Србија и Словенија, со цел на едно место да се претстави добрата бизнис практика и истовремено да зајакне соработката која би отворила простор за нови развојни проекти и инвестиции во регионот.

Претседателот Ѓорге Иванов во Сараево во неделата ќе учествува на состанокот на „Брдо-Бриони Процесот“, на кој, покрај лидерите на државите од регионот, специјален гостин ќе биде претседателот на Италија, Серџо Матарела.

На состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“, претседателите ќе разговараат за актуелните состојби во регионот, евроинтеграциите и проширувањето на Европската унија, како и за унапредување на регионалната соработка./крај/мф/бс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија12 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ13 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија15 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија16 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ16 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија17 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет18 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија18 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија19 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион19 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет20 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет21 час

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет21 час

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа21 час

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија2 дена

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија2 дена

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија2 дена

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија2 дена

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...