Контакт

Надворешна политика

Иванов: На светот му се потребни лидери кои ќе знаат да носат одлуки

Објавено пред

Живееме во свет во којшто сосема поинаку функционираат и политиката, и економијата, и безбедноста и комуникациите, а во тој свет потребни се лидери кои ќе знаат да носат одлуки. Ние тројцата, кога бевме во академската заедница, знаевме да имаме свои ставови на основа на наши индивидуални истражувања, анализи и она што го имаме како капитал стекнато во академската заедница и можевме да донесуваме ставови и мислења и во согласност со времето да ги менуваме. Но кога сте лидер и кога сте политичар, од одлуките што ги носите ќе зависи колку ќе ве почитуваат, порача во саботата македонскиот претседател Ѓорге Иванов пред учесниците на Конференцијата за млади лидери посветена на предизивиците и можностите за балканското лидерство на собирот во Охрид, на кој, меѓу другите, учествуваат и поранешните претседатели на Бугарија и на Албанија Георги Прванов и Бамир Топи.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Ѓорге Иванов укажа притоа и на предизвиците што стојат исправени пред новото, младото лидерство на иднината.

„Радува свеста дека се’ повеќе луѓе се приклонуваат на школите на мислења кои му даваат на се’ планетарно значење, дека се’ што се случува, се случува и на други простори и на други места и луѓето се обединуваат тоа да го менуваат, да влијаат да не се случуваат процеси со тешки последици, што би ги трпеле сите ние. Тоа, пред се’, се однесува на климатските промени, и на економијата, и на политиката, и на безбедноста, на секоја сфера од човековиот живот“, рече Иванов.

Им порача на учесниците на конференцијата, на младите лидери да бидат креативни, да создаваат иновативни идеи, да не подлегнуваат на доминантни школи што од нив ќе создаде само потрошувачи, потрошувачи на идеи, добра и на туѓи мисли, туку да го користат слободното време за надоградба на својата личност.

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, во обраќањето пред учесниците на конференцијата со оценка дека вистинскиот лидер треба да биде визионер, да носи храбри решенија, да биде оној што ќе води, независно што понекогаш ќе мора да носи и непопуларни одлуки. „Историјата да се остави на историчарите, да не се дозволи иднината да се води гледајќи во минатото“, истакна Прванов.

Поранешниот бугарски претседател рече и дека во Бугарија во моментов, а верува дека е слично и во другите држави на Балканот, постои недостиг од идеи, недостиг од визија, идеи коишто ќе нудат решенија за подолг временски период, а не само за периодот додека се има власта во свои раце. Прванов ја нагласи и потребата Бугарија, Македонија и Албанија, да градат и споделуваат иста визија, иста цел, и притоа особено да бидеме настојчиви и јасно определени во нашите настапи кога станува збор за реализацијата на проектот Коридор 8, и тоа во поширока смисла, од економско, енергетско, се’ до културно поврзување на луѓето, особено на младите умови од сите држави во регионот.

„Мора да постои доверба меѓу претседателите, премиерите, меѓу лидерите на сите нивоа… Потребна е комуникација меѓу научната сфера, универзитетските центри, но пред се’ комуникација на младите луѓе. Во таква клима, на постечка комуникација на младите умови, многу полесно ќе им биде идните претседатели и лидери на држави да креираат една посветла иднина за сите луѓе во регионот“, рече Прванов.

Неговиот албански колега, поранешниот албански претседател Бамир Топи од своја страна укажа на потребата преку ваквите собири не само да се пренесат личните искуства од минатото на некогашните лидери, туку преку акумулација на знаењата, наученото и искуствата, како лични така и на другите, да се создадат нови вредности што ќе значат исчекор во креирањето на иднината. За него секое ново лидерство што се темели врз гола демагогија е изгубена идеја, политиката креирана од такви идеи останува пуста.

Независно постоењето предрасуди од минатото, Топи иднината на Балканот ја гледа во осознавањето, во препознавањето и проектирањето иста цел – целосното интегрирање на регионот во европските институции и асоцијации.

„Она што ние мора да го направиме е да создадеме политика на соработка, на интензивна комуникација, градејќи мостови што ќе поврзуваат заеднички да настапуваме во борбата за подобра иднина. Секој од нас лично да го даде максимумот за остварување на идејата за уредување односи на добрососедство, од што ќе произлезат придобивки во многу поширока смисла“, рече поранешниот албански претседател.

Оцени дека новото лидерство треба да акумулира искуства, постојано да препознава позитивни идеи и преку новите технолошки можности, преку рационална комуникација да гради принципи.

„Уверем сум доколку учите од другите, проектирате нови визии, уверен сум дека Балканот наместо гледајќи назад во своите трауми, ќе создаде просперитет за сите општества и подобра иднина за луѓето од регионот“, додаде Топи.

Дводневниот собир во Охрид продолжува и утре, со обраќања на еминентни професори, амбасадори, бизнисмени пред младите лидери, а предвидена е и дебата на тема – Придонесот на Алумни аосцијацијата на млади лидери во креирањето лидерство на следната децинија./крај/мф/ач

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет5 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет7 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет8 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија10 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија12 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија14 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет14 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет17 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа17 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија17 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет18 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет18 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет18 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ2 дена

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија2 дена

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...