Контакт

Надворешна политика

Иванов: Висок ризик за безбедносната состојба на јужната граница

Објавено пред

Претседателот Ѓорге Иванов оцени дека состојбата на јужната граница е со висок ризик, пред сé, поради тоа што станува збор за насилни акти врз полицијата и армијата.
 

dobivaj vesti na viber

Претседателот Ѓорге Иванов оцени дека состојбата на јужната граница е со висок ризик, пред сé, поради тоа што станува збор за насилни акти врз полицијата и армијата.

 

Во интервјуто за Канал 5, македонскиот претседател потенцираше дека ангажирањето на полициските и армиските сили на границата ги троши ресурсите коишто треба да бидат посветени на другите закани со коишто се соочува Европа, како резултат на враќањето на борците кои се на боиштата.

Иванов изјави дека во моментов има 110 македонски државјани кои се во Сирија, 69 се вратени, а досега 25 го загубиле животот.

„Наместо полицијата да ги користи ресурсите за следење и за превенирање на можни непосакувани акти од такви лица, нашите ресурси се на границата, да се справуваат со мигрантската и бегалската криза. Затоа и на средбата со генералниот секретар на ОБСЕ повторно го отворив прашањето за програмите кои што ги има ОБСЕ за дерадикализација, за да не можат повеќе млади луѓе од Македонија да одат на боиштата, а за тие коишто се веќе вратени да имаме контрарадикализација, бидејќи тоа е и улогата на ОБСЕ како организација. Но, тука е прашањето со Исламската верска заедница, која ќе мора да води повеќе сметка за сите овие случувања. Затоа неодамна имавме и разговор со припадниците од Исламската верска заедница (ИВЗ) и со реисот. Тие се навистина во една многу деликатна состојба, и ќе треба разбирање и поддршка од другите институции кон ИВЗ“, рече Иванов.

Иванов посочи дека на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, одржана во Париз, ја запознал со информации што ги има од надлежните институции на Македонија, дека се зголемува бројот на мигранти кои доаѓаат од Африка и од Азија. Од Меркел добил уверување, рече Иванов, дека Македонија мора да има поддршка, не само од земјите кои се на линијата на коридорот, туку и од сите членки на Унијата.

„Ние баравме, пред сé, опрема за да можеме да вршиме регистрација на сите бегалци кои влегуваат на наша територија и да имаме контрола на границата. За жал, таа помош сé уште не е добиена. Навистина загрижувачка е информацијата која беше дадена од француското обвинителство дека двајца од учесниците во терористичкиот акт во Париз поминале низ нашата територија“, вели Иванов.

Иванов се осврна и на поканата која Црна Гора ја доби членство во НАТО, потенцирајќи  дека тоа придонесува за зголемување на безбедноста во целиот регион, притоа осудувајќи го неправедниот третман на Македонија во однос на ова прашање.

„На средбата со  потпретседателот (на САД, Џозеф) Бајден, со факти и аргументи зборувавме зошто Македонија треба да го добие тоа што и припаѓа“, изјави Иванов, додавајќи дека земјава го почнува 17-иот акционен план за членство, а 16 се успешно завршени.

Запрашан да ја коментира изјавата на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, во која таа вети „награда“ за Македонија доколку успешно се спроведат реформите и изборите во април, Иванов нагласи дека веќе по седми пат на земјава и се одлага тоа што и припаѓа.

„Каква е таа награда за нешто што ни припаѓа. Нам веќе по седми пат ни се одлага тоа што ни припаѓа, а што другите го добиле, иако не ги исполнувале сите услови што ние ги исполнуваме. Ако повторно се одложи добивањето датум за почеток на преговорите, ќе се соочуваме повторно и повторно со вакви политички кризи кои се резултат и последица на блокадите. Блокадите сега ни создаваат основа за нови блокади, бидејќи се јавуваат и други прашања кои се на агендата, кои мора да ги исполнуваме“, рече Иванов, притоа изразувајќи очекување за „повисока свест и одговорно однесување“ од сите политички актери, исто онака како што Македонија се однесува кон бегалската криза.

Во врска со средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Париз, македонскиот претседател рече дека постои подобрување на комуникацијата, меѓутоа резултати сé уште нема, и дека е потребно време за да се стекне доверба.

„Мора да се има предвид дека првпат во Грција имаме една генерација политичари кои не се оптоварени со предрасуди и стереотипи од минатото и затоа е полесна комуникацијата, полесно може да се разговара, отворено и искрено, за она што ни е неопходно. Прашањето за името сé уште останува отворено, затоа што тоа се води во Обединетите нации. Имаме една нова реалност која мора да придонесе нашите институции да соработуваат со институциите од Грција“, заклучи Иванов./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ7 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија7 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија8 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија9 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија9 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион10 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија11 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија11 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет11 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет12 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа12 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет12 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет13 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа13 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион22 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија23 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...