Контакт

Надворешна политика

Иванов во Истанбул: Tероризмот и екстремизмот создадоа нова реалност во Европа

Објавено пред

Како што бројот на бегалци ќе се зголемува, така волјата и подготвеноста на Европската унија да ги прифаќа и интегрира ќе се намалува а истовремено, мигрантската криза придонесе кон дополнително затегнување на односите меѓу државите, порача претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на свеченото отворање на  19. Евроазиски економски самит кој се одржува во Истанбул.

dobivaj vesti na viber

Иванов истакна дека колку е послаба соработката меѓу државите, толку е посилна соработката меѓу криминалците, и дека според одредени статистики трговијата со луѓе станува попрофитабилна од трговијата со наркотици.

„Она што дополнително загрижува е што истите канали ги користат и поединците со затворени умови кои со насилни терористички акти сеат насилство. Неодамна, покрај Париз, Брисел, Анкара и Истанбул се најде на ударот на тероризмот и насилниот екстремизам, кои создадоа нова реалност во Европа“, рече во обраќањето македонскиот претседател.

Претседателот Иванов порача дека во вакви турбулентни времиња во кои се повеќе владее стравот и неизвесноста, неопходени се мудри решенија за овие горливи предизвици.

„Бегалците и мигрантите не се статистика, туку човечки битија, со неотуѓиви човечки права и со вродено човечко достоинство. Секој од нив е човек во потрага по среќа. За post festum да не ја согледаме моќта на немоќните, мора да бидеме хумани кон нив, и да им излеземе во пресрет“, истакна Иванов.

Ова е шесто учество на Иванов на Евроазискиот економски форум, кој се одржува секоја година во организација на Мармара фондацијата. На форумот учествуваат актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави.

Во делегацијата предводена од македонскиот претседател е и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф. Во рамки на работната посета на Турција, македонскиот претседател ќе оствари средба и со Вселенскиот патријарх Вартоломеј./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет31 минута

Женската хокеарска репрезентација на САД одби да присуствува на говорот на Трамп за состојбата на нацијата

Женската репрезентација на САД во хокеј на мраз, која го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано и...

Европа37 минути

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа43 минути

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа55 минути

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија11 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија19 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија20 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија20 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија21 час

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион22 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет22 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија23 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа23 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет23 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет24 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет1 ден

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет1 ден

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа1 ден

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...