Контакт

Надворешна политика

Иванов во ОН побара да се испочитува пресудата на Меѓународниот суд

Објавено пред

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во обраќањето на Генералното собрание на ОН рече дека човештвото денес е исправено пред многу предизвици, но дека два од нив бараат целосно внимание, пренесе Гласот на Америка на македонски јазик.

dobivaj vesti na viber

 

 

“Првиот предизвик ни доаѓа од поредокот на природата, а вториот од меѓународниот поредок. Коренот на првиот предизвик е во човековото занемарување на природните закони. Вториот предизвик произлегува од непочитувањето на меѓународните закони”, изјави Иванов.

 

Водено од идејата дека „човекот е мерка на сите нешта“, човештвото направи погрешна пресметка и влеговме во трка за напредок и нови откритија, којашто се одвива паралелно со трката за нерамномерна експлоатација на ресурсите, рече шефот на македонската држава.

 

„Поставувајќи се наспроти природата, човекот ги поткопува темелите на сопствената иднина. Нашите граѓани, нашите држави и економии, веќе почнуваат да ја плаќаат цената. Нè очекува период на екстремни временски услови, кога се почесто градовите ќе се поплавуваат, реките ќе пресушуваат, посевите ќе пропаѓаат, а цената на храната ќе расте. Природните непогоди насекаде во светот се гласен аларм дека климатските промени се новата реалност што ќе ги промени нашите животи и животите на идните поколенија. Неодамна, и нашиот регион на Југоисточна Европа беше погоден и потсетен на оваа реалност”, изјави Иванов.

 

Тој рече дека „Република Македонија е првата земја од нашиот регион која го комплетираше Третиот национален извештај според Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени. Ние веќе ги одредивме идните чекори во сите клучни сектори во економијата и во општеството, на национално и на локално ниво за намалување на ризиците од катастрофи и за адаптација кон климатските промени. Тоа го правиме со стратегии и напори за намалување на емисијата на стакленички гасови и со зголемување на енергетската ефикасност”.

 

Претседателот Иванов  оцени дека во ОН сите треба да си помагаат во постигнувањето на Милениумските развојни цели, со фокус на намалување на глобалната сиромаштија и обезбедување на одржлив развој.

 

„Наредната, 2015 година е година на големи очекувања во целиот свет. Очекувања дека конечно ќе се постигне вистинска синергија за големите предизвици – адаптацијата кон климатските промени, намалувањето на ризиците од катастрофи и одржливиот развој. Очекуваме развојната агенда по 2015 да содржи глобални, холистички, научно-основани, остварливи и правно-обврзувачки цели. За да им оставиме побезбеден свет на нашите потомци“, нагласи Иванов.

 

Македонскиот претседател направи паралела дека како што предизвикот од природата е поради човековото занемарување на природните закони, така и предизвикот од меѓународниот поредок произлегува од непочитувањето на меѓународните закони, на меѓународното право.

 

„Владеењето на правото е нецелосно и невозможно без почитување на човековите права. Како членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, континуирано и на дело, Република Македонија се залага за заштита и за промовирање на човековите права и правото на човечко достоинство во светот. Република Македонија има највисоки стандарди на почитување на човековите права и правата на заедниците во светот. Тоа е возможно благодарение на македонскиот модел на соживот, како модел на интеграција без асимилација, која се темели не врз толеранција, туку врз почитување на различноста“, изјави Иванов.

 

„И токму човековите права и правото на човечко достоинство на македонските граѓани се континуирано негирани од страна на една членка на ова семејство, но и на земја-членка на НАТО и на Европската унија“, истакна првиот човек на македонската држава.

„Идентитетот и јазикот се неразделив дел од човековата личност, од слободата на изразување, од човековите права. Тоа се универзално прифатени принципи со кои никој и никогаш не прави компромис. Почитувањето на човековите права, меѓу кои е и правото на самоидентификација и на човечко достоинство, се врвни вредности на нашите Обединети нации. Врвни вредности кои се воедно и политички критериуми за членство на Република Македонија во Европската унија”, рече Иванов.

 

Тој смета дека “условувајќи нè да се откажеме од македонскиот идентитет, земјата која нè блокира од нас го бара невозможното – бара да прекршиме еден од основните принципи на Унијата за да ги исполниме условите за членство во Унијата. Бара да го прекршиме правилото и да го изневериме ова наше глобално семејство”.

 

Иванов, во овој дел од говорот се повика на почитување на меѓународното право: “Кога во 2008 година, на Самитот на НАТО во Букурешт, одбивме да го промениме идентитетот на македонските граѓани како предуслов за веќе заслуженото членство во НАТО, тоа го направивме врз основа на меѓународното право. Кога на 17 ноември 2008 година го започнавме процесот против јужниот сосед пред Меѓународниот суд на правдата, тоа го направивме врз основа на меѓународното право. Кога на 5 декември 2011 година, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека блокадата на интеграцијата на Република Македонија во НАТО е нелегална, дека се прекршени меѓународно преземени обврски, тоа го направи врз основа на меѓународното право”.

 

„Кога од година во година ги издржуваме непринципиелните и нелегалните блокади, тоа го правиме поради меѓународното право“, истакна Иванов и додаде дека Македонија верува оти меѓународното право е единственото нешто што дава предвидливост и сигурност во овој светски поредок.

 

Иванов подвлече дека Република Македонија е подготвена за взаемно прифатливо решение во рамката што ја даваат резолуциите на Обединетите нации, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, но потенцираше дека прашањето за идентитетот никогаш не било дел од оваа рамка, бидејќи, како што рече, за идентитет не се разговара, ниту преговара.

 

Од, говорницата во Генералното собрание, Иванов побара од ОН и од надлежните органи максимално да се посветат во изнаоѓањето заемно прифатливо решение во рамката на меѓународното право.

 

„Пред две години бев на ова исто место. Добро се сеќавам дека претходеше завршениот состанок на високо ниво за владеењето на правото на национално и на меѓународно ниво. На Генералното собрание дебатиравме за Извештајот на генералниот секретар за владеење на правото. Оттогаш минаа две години и ние сè уште дебатираме. Сè уште чекаме да се испочитува Пресудата на Меѓународниот суд на правдата”, изјави Иванов.

„Пресудата не важи само за државата што нè блокира. Пресудата важи erga omnes, за сите држави-членки на меѓународните организации во кои и натаму сме блокирани”, кажа Иванов.

 

Македонскиот претседател нагласи дека Република Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и во Европската унија. Тој рече дека политиката на ЕУ за проширување долго време била светилник за патот на државите од Источна и Југоисточна Европа кон напредното европско семејство, но дека „неодамна бевме известени дека во наредните 5 години, тој светилник привремено нема да работи. А кога не работи светилникот, постои опасност да се случи бродолом. Нашиот регион на Југоисточна Европа е сè уште ранлив, а бурата не е далеку“, предупреди Иванов.

 

„Одлагајќи го проширувањето, Унијата создава вакуум во историски најпорозниот геополитички простор. А сите знаеме дека не постои вакуум во геополитичкиот простор. Порано или подоцна, вакуумот се стреми да биде пополнет. Затоа, неопходно ни е час поскоро да ги интегрирате сите земји од Западен Балкан во Европската унија“, порача македонскиот претседател.

 

Иванов упати порака и до својот регион: „Сега е моментот кога државите од Балканот треба да демонстрираат максимална солидарност и единство во остварувањето на споделените цели. Соработка во интеграциите, економијата, инфраструктурата, енергетиката, заштитата на животната средина и борбата против тероризмот и организираниот криминал. Мора да издржиме и заедно да се справуваме со споделените предизвици“.

 

Осврнувајќи се на проблемот со тероризмот и странските борци што се приклучуваат на милитантните организации, Иванов рече дека „свесни дека тероризмот не може и не смее да биде поистоветен со ниту една религија, нација или цивилизација, најостро ги осудуваме масовните злосторства извршени од кого било, каде било“.

 

“Република Македонија веќе ги направи првите чекори. Неодамна, усвоивме измена во Кривичниот закон во однос на странски борци, кои се реален предизвик за целиот регион”, истакна Иванов.

 

Во говорот се задржа и на Украина. “Најголеми жртви на кризата во Украина се невините граѓани и материјалните загуби. Република Македонија ги поддржува сите обиди, кои можат да донесат мир и стабилност во оваа земја. Убеден сум дека преку дијалог, со политички и дипломатски средства, Украина ќе успее да се справи со предизвиците и ќе продолжи по патот на обезбедување просперитетна иднина на своите граѓани”, рече првиот човек на македонската држава.

 

„Светот се соочува со сериозни предизвици. И природни, но и политички. И во основата на двата се двојните стандарди“, заокружи Иванов и додаде дека двојните стандарди “нè ставаат пред равенки со многу непознати, создаваат свет во кој единственото нешто за кое ќе бидеме сигурни е дека нема да можеме да бидеме сигурни за иднината на нашите деца”.

 

Како решение, тој предложи дека „единствено почитувањето на меѓународното право ни дава поголема извесност да ги избегнеме бурите во нашиот динамичен свет“.

„Токму затоа, Република Македонија го поддржува процесот на реформа на Советот за безбедност, како значаен дел од вкупната реформа на Обединетите нации. Тоа е комплексен и чувствителен процес. Се согласуваме со предлогот за преговори по конкретен текст. Истовремено укажуваме  дека е потребно таквиот текст да има најширока можна поддршка од членството. Ја поддржуваме реформата што ќе обезбеди почитување на меѓународното право, почитување на преземените меѓународни обврски и пресуди. Реформа што ќе овозможи поголема предвидливост во светот“, рече македонскиот претседател во обраќањето од говорницата на ОН./крај/воа

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ9 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија9 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија10 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија11 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија12 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион12 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија13 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија13 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет14 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет14 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа15 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет15 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет15 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа15 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...