Надворешна политика
Иванов во посета на припадниците на АРМ кои се распоредени на јужната граница
Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, во придружба на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, во средата ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија ангажирани на јужната граница.
Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, во придружба на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, во средата ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија ангажирани на јужната граница.
На караулата „Богородица“ на македонско- грчката граница, Иванов од страна на припадниците на АРМ се запозна со актуелната безбедносна ситуација на државната граница, обидите за нелегално поминување на државната граница во изминатиот период, како и тактичките мерки и процедури кои ги применува АРМ согласно доделените задачи во спречување на нелегални минувања на јужната граница.
По брифингот на караулата „Богородица“ , се изврши обиколка на еден од сместувачките капацитети на АРМ во Богданци, каде пред Врховниот командант се презентираше моменталната безбедносна состојба на јужната граница во реонот на одговорност на силите на АРМ, ангажираните сили и средства и начините на делување во наредниот период.
Иванов во неговото обраќање изрази признание на припадниците на АРМ за ангажирањето на границата, кое е значајно не само за безбедноста на Република Македонија туку и за Европа. Начинот на кој што армијата успешно се справува со предизвиците од мигрантската криза претставува пример и за останатите безбедносни структури во регионот.
На крајот од посетата по одржаниот брифинг за состојбата на државната граница, делегацијата се придружи на заеднички ручек со војниците на АРМ. Армијата на Република Македонија (АРМ) останува максимално подготвена за штитење од секаков облик на безбедносно нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, вклучувајќи ги сите обиди на нелегално влегување на територијата на нашата држава од почетокот на мигрантската криза.
Мерките кои АРМ ги спроведува согласно доделените задачи од одлуката на Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов за зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница во испомош на МВР и граничната полиција, се видливи во зачувување на безбедноста на граѓаните на нашата држава.
Припадниците на АРМ извршувајќи ги задачите крајно професионално, секојдневно спречуваат десетици а во одредени денови и стотици обиди за нелегални преминувања на државната граница при што до денеска се спречени повеќе од десетици илјади такви обиди, се вели во соопштението на АРМ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.