Контакт

Надворешна политика

Иванов: Време е за ново поглавје во односите меѓу Македонија и Бугарија

Објавено пред

Време е да се отвори ново поглавје во односите помеѓу Македонија и Бугарија, порача во средата македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во својот говор пред Атлантскиот клуб во Софија.

dobivaj vesti na viber

„Време е да отвориме ново поглавје во односите меѓу Македонија и Бугарија, кои треба да се ослободат од товарот на Студената војна. Имаме потреба од ново поглавје на европската иднина во име на младите Македонци и Бугари и во името на просперитетен Балкан“, изјавил македонскиот претседател, пренесува агенцијата БГНЕС.

Говорејќи за очекувањата на Македонија од Самитот на НАТО во Варшава, тој потенцирал дека Алијансата станала заложник на индивидуалните интереси на сопствените земји-членки, наместо на евроатланската иднина.

„Грчкото блокирање на македонското членство во НАТО е нелегално и ние со години предупредуваме дека случајот со Република Македонија е прекршување на меѓународното право, но никој не беше подготвен да нè слуша“, изјавил Иванов, додавајќи дека грчката елита сè уште не излегла од Студената војна и не ги земала предвид новите реалности на Балканот и во Европа.

Македоскиот претседател исто така потенцирал дека Македонија поставила Гинисов рекорд како земја-кандидат за членство во НАТО.

„Ние сме најмногу прегледуваната армија во историјата на НАТО, подготвена за различни мисии и операции, но сè уште не сме членка“, изјавил македонскиот претседател. Според него третата лекција од односите со НАТО е тоа дека во самата Алијансата недостасува почит кон сопствените правила и принципи од страна.

Иванов исто така порачал дека не се почитува ниту демократската желба на македонските граѓани, од кои 94 проценти го поддржуваат членството на Македонија во Алијансата./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија9 часа

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет11 часа

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет11 часа

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...

Свет11 часа

Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера...

Топ14 часа

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија14 часа

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија15 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...

Македонија15 часа

„Вардариште“ е обезбедено, останува „Дрисла“, проблемот ќе биде саниран за една недела, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори на новинарско прашање во...

Топ16 часа

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР...

Македонија19 часа

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...

Европа20 часа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет20 часа

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет21 час

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...

Свет21 час

Трамп: Вдовицата на Кирк е скршена, напаѓачот е левичарски лудак и животно

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на јужниот тревник на Белата куќа пред да полета за Њујорк. Фокусот на...

Свет21 час

(Видео) Објавена првата снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Објавено е првото видео од осомничениот за убиството на најистакнатиот американски десничарски активист Чарли Кирк, јавува Си-ен-ен. Видеото, објавено од...

Регион1 ден

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа1 ден

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет1 ден

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет1 ден

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...