Контакт

Надворешна политика

Иванов: За решение е потребна конструктивност од двете страни

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во вторникот го прими амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за разликата околу името.

 

 

На средбата беше разгледана актуелната состојба во разговорите за надминување на ова прашање, се наведува во соопштението од кабинетот на Иванов.

 

Македонскиот претседател, за време на средбата, истакнал дека до решение може да се дојде само со конструктивност од двете страни и придржување до рамката во која се водат разговорите – резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

 

Во тој контекст, претседателот Иванов повика на почитување на меѓународното право и доследност кон меѓународно преземените обврски, се вели во соопштението.

 

Претседателот Иванов ја реафирмираше државната позиција на Република Македонија и посветеноста за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за разликата околу името.

 

„Како и досега, и натаму Република Македонија активно, конструктивно и со добра волја ќе учествува во процесот, со цел изнаоѓање на заемно прифатливо решение за разликата околу името“, рече претседателот Иванов.

 

На средбата, на која присуствува министерот за надворешни работи,  Никола Попоски, и новиот пратеник во разговорите за надминување на разликата околу името, Васко Наумовски, претседателот Иванов ја истакна подготвеноста на македонската страна за средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот.

 

Медијаторот Нимиц во текот на денот се очекува да има одвоени средби и со македонскиот премиер Никола Груевски, како и со шефот на дипломатијата Никола Попоски. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров: Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка

Објавено пред

Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка и од денес таа е во рацете на земјите членки, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Како што покјасни тој, Преговарачката рамка од страна на ЕК е прилагодена врз основа на новата методологија за пристапниот процес.

„Суштината на предложената Преговарачка рамка, за којашто, според последните информации, веќе следната недела во Брисел ќе се разговара од страна на земјите членки на експертско работно ниво е европските стандарди да си ги донесеме дома. Пред се’ демократските принципи и вредности поврзани со владеењето на правото, како и економските реформи“, посочи министерот.

Тој додаде дека ова се случува токму на денот кога претседавањето со Советот на ЕУ го презема Берлин и изрази уверување дека со германска поддршка во следниве месеци ќе биде отвориме првата Меѓувладина конференција.

„Во тој момент започнува конкретното одвивање на пристапниот процес преку завршување на скрининг процесот и отворање на првиот кластер наречен – Основни вредности кој ги третира клучните реформски области од Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права, Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност, Економските критериуми, Функционирањето на демократските институции, Реформата на јавната администрација, Поглавјето 5 – Јавни набавки, Поглавјето 18 – Статистика и Поглавјето 32 – Финансиска контрола“, појасни Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од денеска поевтин роаминг за Западен Балкан

Објавено пред

Земјите од Западен Балкан денеска одбележуваат една година од стапувањето на сила на договорот за намалување на цените во роаминг.

Македонските граѓани изминатата година зборуваа, користеа интернет и праќаа СМС-пораки за цени пониски и до 99% или 5,04 денари за појдовни повици, 2,9 денари за дојдовни повици, СМС-пораки се праќаат за 2,63 денари по порака, а цената на МБ интернет е 1,9 денари.

Од денеска, дополнително се намалува цената за дојдовни повици и таа сега изнесува 1,5 денари, соопшти министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.

Согласно договорот, до јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат. Ова е предусловот што Северна Македонија заедно со останатите пет држави од регионот го исполнува со цел воведување на „роаминг како дома“ и со земјите од Европската Унија.

На денешниот состанок на министерите задолжени за дигитализација во регионот, Советот за регионална соработка и претставници од Европската комисија, беше заклучено дека ќе се изработи мапа за следни чекори и рокови за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЕУ ќе ги отвори границите за 15 земји, но не и за Македонија

Објавено пред

Европската Унија објави список на 15 земји чии жители се сметаат за безбедни и ќе им биде дозволен влез во Унијата од 1 јули, а меѓу нив не е и Македонија.

ЕУ ќе ги отвори границите за Србија, Црна Гора, Канада, Алжир, Тунис, Австралија, Нов Зеланд, Грузија, Јапонија, Мароко, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд и Уругвај. Кинезите исто така ќе можат да влезат во ЕУ, но само доколку Кина објави дека ќе прифати и европски посетители.

На листата не се наоѓаат САД, Бразил и Русија.Ова се земји со најголем апсолутен број случаи во светот и каде епидемијата е сe уште во пораст, со голем број случаи многу повисоки од просекот на ЕУ. (16 случаи на 100.000 жители во првата недела на јуни). Покрај Катар, кој има најголем број случаи по глава на жител од која било друга земја, испадна и Турција, Албанија и Северна Македонија.

Мерката не е правно обврзувачка – крајната одговорност за граничната политика им припаѓа на земјите-членки.

Списокот се очекува да се ажурира на секои две недели, во зависност од епидемиолошките карактеристики на земјите кандидати за трети земји и други фактори (реципроцитет, соодветност на тест број, способности за следење и ограничување на нови појава на вируси).

Триесет земји во Европа (од кои 26 членки на ЕУ) ги затворија своите надворешни граници во март за да го намалат ширењето на Ковид-19. Бидејќи повеќето од нив ги отвораат економиите, тие исто така почнуваат да ги поздравуваат надворешните посетители, иако со многу побавна брзина отколку пред пандемијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија3 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија4 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет5 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет5 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија6 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет6 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија6 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет6 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет6 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет7 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет18 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија24 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие