Надворешна политика
Ји: Во кризата има правен процес за објавувањето на снимките, но и прашања за можна злоупотреба на владина сила
Осознаваме дека во оваа криза има правен процес кој е во тек и се однесува на одговорност за прислушувањето или објавувањето на снимките, и тоа е важен аспект, но исто така имаше и прашања во врска со можност за злоупитреба на владина сила, кои мора да се адресираат, порача американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Хојт Ји во четвртокот по средбата со премиерот Никола Груевски.
Осознаваме дека во оваа криза има правен процес кој е во тек и се однесува на одговорност за прислушувањето или објавувањето на снимките, и тоа е важен аспект, но исто така имаше и прашања во врска со можност за злоупитреба на владина сила, кои мора да се адресираат, порача американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Хојт Ји во четвртокот по средбата со премиерот Никола Груевски.
„За овие прашања се потребни одговори и одгорност. Апелираме до Владата и нејзините институции да ги сфатат ваквите обвинувања за злоупотреби и можно нелегално однесување многу сериозно, во најмала мера со иста сериозност како што владата ги сфаќа обвинувањата против лидерот на опозицијата, господинот Заев“, порача Ји.
Американскиот заменик помошник секретар исто така порача дека САД ќе останат силен поддржувач на македонските европски интеграции, а со цел земјата да излезе од политичката криза, тој ги повика вклучување на сите општествени чинители. Ји ја повика и опозицијата да се врати во Парламент што е можно поскоро.
„Во случајот на опозицијата се надеваме дека опозиционерите ќе се вратат во Парламентот што е можно поскоро со цел да ја извршуваат својата демократска улога за која се избрани. Се надеваме дека Македонците ќе се сплотат во оваа криза и ќе имаат конструктивна улога во изнаоѓањето на начини за излез од кризата и враќањето на фокусот на важните работи. Тоа се продолжување на моментумот кон Европа и НАТО, создавање на посилна економија, создавање на поволна клима за странски, како и домашни известиции со што би се создале работни места и подобра иднина за сите Македонци“, изјави Американецот.
Покрај со премиерот Груевски, Ји во четвртокот оствари и средби со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, како и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Од македонското МНР соопштуваат дека Попоски и Ји разговарале за севкупните односи меѓу Македонија и САД, при што бил истакнат заемниот интерес за натамошно надградување на стратешкото партнерство и политичкиот дијалог, како и на билатералната соработка.
Централно внимание беше посветено на обидите на Македонија за деблокада на интеграцијата во НАТО и ЕУ, согласно главните стратешки определби на државата, а во таа насока на американскиот соговорник му беа пренесени заложбите на Владата за што поскоро изнаоѓање на заемно прифатливо решние за наметнатиот спор околу името, соопштуваат од МНР.
Ји и лидерот на ДУИ, Ахмети пак, отворено разговарале за политичката криза во Македонија, придонесот на ДУИ во надминувањето на актуелната криза, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО, соопштуваат од ДУИ.
Ахмети ја изразил подготвеноста на ДУИ да даде конкретен придонес кон итното надминување на состојбата на политичка криза во земјата, истовремено барајќи Вашингтон да ги охрабри партнерите во Брисел за да се продолжи со поинтензивен процес на преговори меѓу двете страни, особено во пресрет на министерскиот состанок на НАТО во мај, велат од ДУИ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.