Контакт

Надворешна политика

Јолевски: Хилари Клинтон – лидер кој може да направи промени во животите на обичните луѓе

Објавено пред

Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски изминатите денови во Филаделфија присуствуваше на националната конвенција на Демократската партија на која поранешната прва дама и државна секретарка Хилар Килтон ја прифати номинацијата за американските претседателски избори на 8-ми ноември, и ексклузивно за Макфакс ги пренесува впечатоците.

dobivaj vesti na viber

Министер Јолевски, бевте гостин изминатите четири дена на Конвенцијата на Демократската партија, на која поранешната државна секретарка Хилари Клинтон беше номинирана за претседателски кандидат. Како ја оценувате конвенцијата? – Ова е моја петта конвенција, во 2008 година присуствував на конвенциите на кои за претседателски кандидати беа номинирани Барак Обама и Џон МекКејн, во 2012 повторно Обама, и Мит Ромни како републикански кандидат.

Конвенцијата во Филаделфија беше со силна енергија, го мотивираше гласачкото тело, не само на Демократската партија, туку и независните гласачи, но имаше порака за републиканските гласачи. Меѓу говорниците беа претседателот Обама, потпретседателот Џозеф Бајден, поранешниот претседател Бил Клинтон, повеќе сенатори, конгресмени, гувернери, уметници, но и мноштво граѓани кои со нивните стории придонесоа за јакнење на пораката зошто Хилари Клинтон заслужува да биде избрана за претседател на САД. Конвенцијата беше насочена кон деловите од американското општество кои се потенцијални нејзини гласачи.

Нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон и ќерка и Челзи ја претставија Хилари како мајка и сопруга. Во американски стил поранешниот претседател Клинтон се осврна на достигнувањата на Хилари, говореше како се сретнале, за најважните моменти од нивниот заеднички живот, со посебен акцент на нејзините достигнувања во областа на заштитата на правата на жените, за здравствената заштита на децата, за правата на афроамериканците, за поголема социјална правда во американското општество, во областа на образованието, незиниот активизам за елиминација на сегрегацијата во школите. Во текот на неговиот говор ја претстави Хилари како лидер кој може да направи промени во животот на обичниот граѓанин. Затоа најчесто повторуван збор му беше „промени“.

Еден од најголемите предизвици во кампањата на Хилари е тоа дека е традиционален политичар и дека доколку ја изберат, политиката во Вашингтон ќе остане иста. Затоа посебен акцент во обраќаната на конвенцијата беше ставен на успешните промени што претседателскиот кандидат Хилари Клинтон го направи во американското општество и резултатите од нив.

Во говорот на Хилари Клинтон, со кој заврши конвенцијата, беа дадени контурите на нејзината платформа, но имаше и одговор на ставовите на противкандидатот Доналд Трамп.

Пред почетокот на конвенцијата имаше стравувања дека гласачкото тело на Демократската партија може да подели на два табора: едниот со Хилари Клинтон и, вториот, со сенаторот Берни Сандерс, кој неочекувано доби голема поддршка на примарните избори. Дали конвенцијата успеа да ги обедини?- Сенаторот Берни Сандерс, во текот на партиските предизбори избори успеа да мотивира сериозен дел од гласачкото телот на Демократската партија, но се разбира недоволно да ја добие номинацијата. Исто така, неговите поддржувачи беа високо мотивирани.

Сенаторот Сандерс се обрати првиот ден на конвенцијата, ги повика гласачите да и дадат поддршка на Хилари Клинтон, и ги повика неговите поддржувачи истото да го направат на изборите во ноември, со цел Хилари Клинтон да биде избрана за претседател. Пораката ја повтори и следниот ден изутрина на појадокот со делегацијата од Калифорнија. По овие негови повици, стана јасно дека Демократската партија ќе се обедини и застане зад кандидатурата на Хилари Клинтон.

Но од обраќањето на сенаторот Сандерс,што беше потврдено и во завршното обраќање на Клинтон може да се заклучи дека значајни елементи од платформата на Сандерс се вклучени во платформата на Хилари Клинтон. Едно од најзначајните ветувања на Сандерс кое се однесуваше на бесплатно универзитетско школување на децата од семејствата чиј годишен приход е под 125.000 долари е прифатено од Хилари Клинтон.

Ова покажа дека сенаторот Сандерс во замена за неговата поддршка на кандидатурата на Клинтон, обезбедил дел од неговата платформа да биде вклучена во програмата на Клинтон. Инаку за одбележување е дека сенаторот Сандерс е од државата Вермонт, со чија национална гарда АРМ има долгогодишна соработка.

Со него имав поголем број средби како амбасадор, но и како министер. Имавме подолг разговор во септември минатата година кога бев во посета на Вермонт.

Ја спомнавте соработката во областа на одбраната. Каква беше пораката од Конвенцијата околу натамошниот ангажман на САД во НАТО?- Претседателскиот кандидата Хилари Клинтон, експлицитно и недвосмислено ја истакна определбата САД и натаму да остане активно ангажиран во НАТО и високо ја оцени соработката со сојузниците и партнерите.

Генералот Џон Ален во брилијантен говор, 30-ина минути пред обраќањето на Хилари Клинтон го истакна значењето на НАТО алијансата и потребата за продолжување на соработката на САД со сојузниците и партнерите./крај/мф/бс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија9 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ11 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија12 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија12 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија14 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа15 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија15 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија16 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија16 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет16 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет16 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа18 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа18 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа18 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија2 дена

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...