Контакт

Надворешна политика

Јолевски ја реафирмира посветеноста на Македонија на НАТО

Објавено пред

Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски  ја реафирмира посветеноста на Македонија на Алијансатза време на состанокот на министри за одбрана на земјите контрибутори во  мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, што се одржа во четвртокот во седиштето на НАТО во Брисел.

dobivaj vesti na viber

Министрите за одбрана се согласија дека остануваат посветени на НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ која има за задача да ги обучува, советува и да им асистира на Авганистанските безбедносни сили и институции. НАТО ќе продолжи да ја следи состојбата во Авганистан врз основа на што ќе се донесе одлука за преминување во втората фаза на мисијата Одлучна поддршка.

Министерот Јолевски истакна дека Македонија ќе продолжи да ги споделува заедничките вредности со НАТО и побара фер проценка за достигнувања на Македонија за членство во Алијансата во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава во 2016 година.

Покрај ова, македонската делегацијата учествуваше и на состанокот организиран од министерката за одбрана на Германија Урсула фон дер Лејн на која присуствуваа сите земји контрибутори во Командата Север во Авганистан.  

Министерот Јолевски имаше одвоена средба со  министерот за одбрана на Канада, Џејсон Кени.  Тој истакна дека Канада како и досега, ќе продолжи да ја подржува Македонија и додаде дека оваа држава е силно посветена на реализација на политиката на „Отворени врати“ на НАТО.

Јолевски ги потенцираше аргументите заради кои Македонија ја заслужува поканата во НАТО, при тоа истакнувајќи дека нејзиното и членството на Црна Гора ќе придонесе не само за зајакнување на стабилноста и просперитетот на овие две земји, туку на регионот пошироко.  

На маргините на состаноците министерот Јолевски оствари повеќе билатерални средби со своите колеги. /крај/мф/ап

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион52 минути

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија2 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет2 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет3 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа3 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет3 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет4 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа4 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион13 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија14 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет16 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија19 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија22 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија22 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија23 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија24 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...