Контакт

Надворешна политика

Јолевски- Катич: Потврда за одличната соработка меѓу Македонија и Словенија

Објавено пред

Македонија и Словенија имаат одлична билатерална соработка во сите области особено во одбраната, заклучија во вторникот министрите за одбрана на двете земји, Зоран Јолевски и Андреја Катич.

dobivaj vesti na viber

Министерот Јолевски додаде дека за време на официјалните разговори е искажана  заедничката определба за натамошно унапредување на соработката. „Словенија отсекогаш давала целосна поддршка на евроатлантските аспирации на Република Македонија. Се заблагодарив на министерката Катич за целосната соработка која ја добиваме од нивна страна во аспирациите на Република Македонија да стане членка на НАТО“, рече Јолевски.

Јолевски, во име на граѓаните на Скопје и Македонија упати благодарност до граѓаните на Словенија за упатената поддршка при неодамнешната катастрофална поплава и во справување со мигрантската криза на нашата јужна граница.

Словенечкиот министер за одбрана Катич, која е во официјална посета на Република Македонија, најнапред упати благодарност до Македонија во врска со мерките кои ги превзема во справувањето со мигрантската криза. „Верувајте ми дека двете министерства за одбрана како и  министерствата за внатрешни работи одлично соработуваат на ова поле“, истакна Катич. Покрај тоа таа ја пофали и соработката меѓу двете војски.

Во однос на НАТО интеграциите министерката Катич истакна дека Македонија ја има поддршката од Словенија и е тука за да помогне во секоја можна прилика. За време на средбата, двете делегации разговараа за актуелната безбедносна состојба во регионот, Европа и пошироко, развојот на настаните сврзани со мигрантската криза и унапредувањето на соработката. Воедно се разговараше за пренесување на искуствата при изработката на стратешкиот одбранбен преглед и за модернизацијата на двете армии./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

(Видео) Макрон: Мора да се подготвиме, САД можеби повеќе нема да бидат со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон  и се обрати на јавноста пред утрешниот самит на Европската унија во Брисел. Макрон утрово на...

Свет10 часа

Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето ноќно обраќање, Зеленски...

Топ11 часа

Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот...

Македонија12 часа

Напаѓачите се осудени, но мотивот омраза не е докажан, oбјави адвокатот на Пендиков

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени...

Македонија14 часа

Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања...

Македонија15 часа

Мицкоски инспириран да бара уште евтини пари како унгарските поради огромниот интерес: Бизнисот ни е гладен

Бизнис-заедницата покажала интерес за повеќе од 250 милиони евра, пари од унгарскиот кредит, кои Владата ги намени за компаниите во...

Македонија17 часа

Мицкоски не се сретнал со Груевски во Будимпешта, но рече дека набргу и со докази ќе покаже дека функционери од СДСМ и ДУИ се среќавале

Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Будимпешта изминативе денови не се сретнал со избеганиот поранешен премиер од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски....

Македонија18 часа

Запленети 18 килограми сребро, облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки

Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит...

Македонија19 часа

Детето врз кое падна гранка од дрво во Карпош е хоспитализирано и сè уште е под опсервација

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина...

Македонија19 часа

Разрешен Сашо Дранго, кој се фотографира со убиена мечка, на негово место во „Македонијапат“ доаѓа Александар Шуковски

Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонијапат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од...

Македонија19 часа

Аспарагус, папаја, манго, леб за 440 денари за Владата, а народот тоне во сиромаштија, велат од Левицата

Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја, владиниот врв се гоштева на грбот на...

Топ20 часа

Загина велосипедист: уапсен 26-годишен скопјанец кога со возилото удрил во него

Денеска во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со...

Свет20 часа

Внукот на Де Гол: Украина беше искористена за почнување војна против Русија

Украина ja искористија како инструмент за да предизвикаат војна против Русија, изјави Пјер де Гол, внук на генералот Шарл де...

Македонија21 час

Министерството за култура не постапува доследно при изборот на директор на Македонската филхармонија, велат вработените

Со последното соопштение на Министерството за култура и туризам, одговорните од оваа државна институција се обидоа да го оправдаат незаконското...

Свет21 час

(Видео) Трамп му се обрати на Конгресот: „Американскиот сон е незапирлив“

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред двата дома на Конгресот во кој ги презентираше активностите на неговата администрација во...

Регион22 часа

По вчерашните инциденти и тепачки во Собранието на Србија, Брнабиќ со порака до опозицијата: Ако немаат ништо посилно од шок-бомби и солзавец, да не се појавуваат

По вчерашните бурни настани, Собранието на Србија денеска од 10 часот ја продолжува седницата. Пратениците ја завршија принципиелната расправа за...

Свет22 часа

Кина: Ако САД сакаат војна, трговска или која било друга, ќе се бориме до крај

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред Конгресот. Тој зборуваше цели два часа. Говорот е првото големо обраќање на Трамп...

Свет22 часа

Трамп откри дека Зеленски му испратил писмо: подготвен е за мировни преговори

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во своето обраќање пред Конгресот откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му испратил...

Топ1 ден

Приведен 19-годишниот возач поради несреќата на автопатот кај Тетово во која жена загина на лице место

Приведен е 19-годишен возач, по сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар, во која животот го загуби 81 годишна жена од Охрид,...

Свет1 ден

Што значи за Украина прекинот на воената помош од САД

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ја прекине помошта за Украина е горчлив удар – не само за...