Контакт

Надворешна политика

Јолевски–Катиќ: Интензивната соработка и интеграцијата во НАТО се најдобар одговор за предизвиците во регионот

Објавено пред

Билатералната и регионалната соработка како и интеграцијата во НАТО – алијансата се клучот за одржување на безбеден и стабилен регион, регион кој има капацитет да се справи со современите предизвици, заклучија во четвртокот на средбата во Љубљана, министрите за одбрана на Македонија и Словенија, Зоран Јолевски и Андреја Катиќ.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на работната посета на Словенија, Јолевски се заблагодари на својата словенечка колешка за безусловната поддршка на патот на Македонија кон НАТО алијансата и побара истата да продолжи и да се интензивира во очи самитот на Алијансата во Варшава, оваа година. „Македонија ги исполни сите критериуми за членство, а дава и сериозна поддршка кон мисиите на Алијансата. Со еден збор, Македонија заслужува да биде поканета во НАТО“, истакна министерот Јолевски на средбата. Министерката Катиќ експлицитно на средбата и на прес-конференцијата истакна дека Словенија целосно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО.

Воедно, на состанокот министерот Јолевски истакна дека е задоволен од развојот на билатералната соработка помеѓу двете земји, особено во областа на военото образование и заедничките вежби. „Реализацијата на вежбите на армискиот полигон ’Криволак’ ни помага да ја развиеме меѓусебната интероперативност, како и интероперативноста со НАТО-алијансата“, додаде министерот. Министерот Јолевски упати покана за учество во регионалните центри во Македонија, меѓу кои и НАТО-центарот за односи со јавноста, како и за упатување на припадници на словенечката армија на школување во Воената академија во Скопје.

Соговорниците разговараа и за Стратешкиот одбранбен преглед, кој е во фаза на изработка во Министерството, при што министерката Катиќ изрази подготвеност за помош во размена на искуства и експерти.

Осврнувајќи се на предизвиците од мигрантската криза, министрите Јолевски и Катиќ посочија дека е потребно сеопфатно заедничко решение кое ќе го гарантира хуманиот третман на мигрантите, но истовремено ќе помогне во одржувањето на безбедноста на граѓаните во земјите од регионот. Во тој контекст министерот Јолевски додаде дека е потребна сеопфатна стратегија за решавање на мигрантската криза во која ќе бидат вклучени сите европски земји и Турција за целосно решавање на овoj предизвик кој го зафати континентот./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Медиумите имаат право да објавуваат информации поврзани со јавни личности, особено ако тие се релевантни за јавноста, велат од АЗЛП за разрешената директорка на „Козле“

Директорката на Клиниката за белодрбони и респираторни заболувања кај децата „Козле“ д-р Каролина Симоновска претходно испрати соопштение до медиумите со кое...

Македонија1 час

Сите дојави за бомби, без исклучок, се лажни, тоа се очекувани хибридни напади, ќе има нови протоколи за МВР и за училиштата, вели Мицкоски

Полицијата и училиштата до крајот на денов ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу...

Македонија2 часа

Филков: На сторителите што третпат ќе се најдат на суд за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол ќе им биде одземена возачката дозвола

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на...

Македонија4 часа

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани...

Скопје5 часа

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија6 часа

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија6 часа

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје6 часа

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион7 часа

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа8 часа

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа9 часа

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет9 часа

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија19 часа

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија1 ден

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија1 ден

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија1 ден

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија1 ден

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ1 ден

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија1 ден

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија1 ден

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...