Контакт

Надворешна политика

Јолевски: Македонија е партнер од доверба подготвен да биде дел од НАТО

Објавено пред

Македонија е партнер од доверба кој ги исполни сите критериуми да биде дел од НАТО и од Европската унија, покрај тоа, ние вложивме големи напори да обезбедиме хумани услови за мигрантите и нивен транзит низ нашата земја, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во петокот во своето обраќање мна отворањето на дводневниот меѓународниот форум „To Be Secure“ кој се одржува во црногорскиот град Будва.

dobivaj vesti na viber

Во однос на решавањето на овие предизвици, министерот Јолевски го поздрави договорот помеѓу Европската унија и Турција, и повика на создавање сеопфатна стратегија која ќе ги опфати не само членките на Унијата, туку и земјите засегнати од оваа голема криза, меѓу кои и Македонија, Турција, но и онаму каде се создава кризата, во Сирија и Ирак. „Оваа криза ги надмина и најпесимистичките предвидувања. Токму затоа постои потреба земјите долж ткн ‘балканската рута’ да бидат слушнати. Треба да имаме предвид дека Македонија ја штити Шенген зоната и затоа соработката и изнаоѓањето решенија мора да ги вклучи сите земји кои се засегнати“, додаде министерот на панелот посветен токму на заштитата на границите и мигрантската криза. На маргините на форумот, министерот Јолевски оствари неколку одвоени билатерални средби со министерот за одбрана на Црна Гора, Милица Пејановиќ – Ѓуришиќ и со заменик-министерот за национална одбрана на Турција, Шуаи Алпаи.

Покрај ова на маргините на Конфренцијата се сретна и со претседателката на Хрватска, Колинда Грабер Китаровиќ и со заменик-генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу.

Министерот Јолевски на средбите посочи дека Македонија останува посветена на нејзината евроатлантска иднина, за што е и подготвена уште од 2008 година.

На средбите со министерката Пејановиќ-Ѓуришиќ и заменик министерот Алпаи, Јолевски истакна и дека од двете земји, на претстојниот самит на Алијансата во Варшава очекува силна поддршка за членство на Македонија во НАТО. Воедно на средбите стана збор за потребата од поблиска соработка во однос на предизвиците од мигрантската криза, а беа потврдени и одличните односи на Македонија со Турција, односно Црна Гора./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? „Случаите со милионските зделки...

Свет44 минути

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака да го премести нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да го...

Европа2 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас

Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија. Според руските канали на...

Свет2 часа

(Видео) Џеј Ди Венс исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше пречекан со свирежи и негодувања од публиката по пристигнувањето на концертот на Националниот симфониски...

Свет2 часа

Кина, Иран и Русија започнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави...

Свет3 часа

(Видео) Патниците бегаа преку крилото на авионот: се запали моторот на Боинг во Денвер

Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи...

Свет13 часа

Разговаравме за деловите од Украина што ќе се задржат и за оние што ќе бидат изгубени, вклучена е и електрана, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава во Белата куќа во која ги коментираше преговорите со Русија за ставање крај на...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето...

Свет16 часа

Путин: Ние сме за примирје, но многу прашања прво треба да бидат одговорени

Рускиот претседател, Владимир Путин, изрази подготвеност за примирје во Украина, но нагласи дека е неопходно да се решат клучните прашања...

Македонија19 часа

Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Дали вие знаете дека минатата година Град Скопје за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие одвои 685 милиони денари, 11 милиони...

Македонија19 часа

МНР со реакција на бугарското министерство: Политиката на условувања создава непотребни тензии, кои не одговараат на европскиот дух на соработка

Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз...

Македонија20 часа

Дел од сегашните судии и обвинители е последниот штит на криминалот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка...

Македонија20 часа

Институтот интерпелација во никој случај не може да се примени за уставните судии, тоа е упад во самостојноста велат од Уставниот суд

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, судот информира дека Уставот...

Македонија21 час

Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават во полиција силување или обид за силување

Сервисите за помош и поддршка на жртвите на сексуално насилство, кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го...

Свет21 час

Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија...

Македонија22 часа

ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го разгледа решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството...

Македонија23 часа

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година...

Македонија23 часа

Трендафилов продолжува да дејствува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси,...

Македонија1 ден

„Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски“, бара СДСМ

„Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во...

Свет1 ден

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната...