Надворешна политика
Јолевски: Македонија презема чекори за одбрана од сајбер-напади
Република Македонија преку Воената академија презема решителни чекори во подготвување на безбедносните агенции да се справат со сајбер-заканите и да ја одбранат земјата од тие напади, рече министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во вторник на отворањето на форумот на Шефовите на воените разузнавања на земјите од Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје, а е посветен на „Сајбер-заканите како растечко безбедносно прашање во Југоисточна Европа“.
Според Јолевски, современите закани не се насочени кон само една земја и затоа е потребно партнерството и блиската соработка во справувањето со нив. Размената на информации и соработката на воените разузнавачки служби е битен елемент, истакна тој.
Во контекст на темата на денешниот форум, министерот Јолевски истакна дека сајбер-безбедноста е одличен пример за непостоењето на граници кога зборуваме за современите закани.
„Сајбер просторот е злоупотребуван од терористички организации, организираниот криминал и од индивидуалци. Република Македонија преку Воената академија презема решителни чекори во подготвување на безбедносните агенции да се справат со сајбер-заканите и да ја одбранат земјата од тие напади“, рече министерот.
Како пример за развој во оваа област споменат беше Меморандумот за соработка на Академијата со иницијативата за сајбер-безбедност на Институтот за меѓународни студии во Монтереј, САД, како и регионалната тркалезна маса за сајбер-безбедност која се одржа минатата година во Охрид во соработка со НАТО и Универзитетот Норвич од САД.
На отворањето на шестиот форум на SEEMIC, високите претставници на веоните разузнавања на Република Македонија, Регионалниот совет за соработка, НАТО-алијансата, Европската Унија и на Соединетите Американски Држави се согласија дека соработката е катализатор за одржување и унапредување на нивото на безбедност во овој дел на Европа.
Тие укажаа на фактот дека минатата поделеност, имајќи предвид дека дел од форумот се и поранешни земји на Варшавскиот пакт, земјите од поранешна Југославија, како и земји-членки на Алијансата, се трансформираше во соработка и заеднички пристап кон современите безбедносни предизвици.
SEEMIC форумот претставува механизам за регионална соработка на воено-разузнавачките служби на земјите од Југоисточна Европа. Иницијативата прв пат е реализирана во 2009 година, а поддржана од Регионалниот совет за соработка, Директоратот за разузнавање на НАТО и Военото разузнавање на Европската Унија. Земји-членки на SEEMIC се сите земји од ЈИЕ, со исклучок на Косово.
Освен претставниците на овие земји, на годинешниот форум свое учество имаат и претставници од Агенцијата за одбранбено разузнавање, Националниот универзитет за разузнавање, главниот штаб на Европската команда на САД и процесот СЕДМ.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.