Надворешна политика
Јолевски: Македонија заслужи да добие покана за членство во НАТО на самитот во Варшава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/jolevski20hrvatska.jpg)
Министерот за одбрана Зоран Јолевски во средата во рамките на работната посета на Хрватска оствари средба со својот хрватски колега, Јосип Булјевиќ, со кого се согласија дека интеграцијата на Македонија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора е значајна за стабилноста и за просперитетот на регионот, но и Европа.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски во средата во рамките на работната посета на Хрватска оствари средба со својот хрватски колега, Јосип Булјевиќ, со кого се согласија дека интеграцијата на Македонија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора е значајна за стабилноста и за просперитетот на регионот, но и Европа.
За време на средбата Јолевски истакна дека Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО пред самитот во Букурешт во 2008-та година и дека Македонија заслужува да стане дел од Алијансата.
На средбата стана збор и за заедничкото лобирање на земјите од А5 пред Самитот на НАТО во Варшава. Хрватска е силен поддржувач на Македонија и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина. Јолевски информираше за состојбите на јужната и северната граница, при што соговорниците се согласија дека координацијата, согласно шесте заклучоци од Бриселскиот самит, меѓу земјите на балканската рута е особено значајна. Хрватска дава целосна поддршка на Македонија и Армијата за ефикасно справување со кризната состојба на јужната граница.
Во текот на посетата на Хрватска, министерот Јолевски оствари средба со претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ. За време на средбата Јолевски истакна дека Македонија цврсто стои зад своите врвни приоритети, а тоа се членството во НАТО и ЕУ, и дека интеграцијата на земјите од регионот ќе придонесе кон постабилна безбедносна ситуација на Балканот и пошироко во Европа.
Хрватската претседателка Китаровиќ изрази задоволство од нивото и интензитетот на соработката со Македонија и истакна дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот на ЕУ и НАТО. Беше истакнато дека Хрватска ќе продолжи силно да ги поддржува евроатлантските аспирации на Македонија.
„Македонија со своите активности во справување со мигрантската криза покажа дека е земја која го заслужува членството во НАТО и е партнер на кој може да сметаат Европа и земјите од регионот“, истакна хрватската претседателка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.