Надворешна политика
Јолевски на средби со заменикот генерален секретар на ОН, Ладсу и со генералот Петреус
Развојот на АРМ и учеството во мировните операции на ОН, НАТО и Европската унија (ЕУ) како поддршка за етаблирање на глобалниот мир и безбедност, беа дел од темите на кои во вторникот во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, разговараа министерот за одбрана на Зоран Јолевски и заменикот генерален секретар на Обединетите Нации за мировни операции, Харве Ладсу.
На средбата, Јолевски и Ладсу разговараа и за општата безбедносна состојба во регионот на југоисточна Европа и пошироко. Република Македонија, рече министерот Јолевски, е одговорен член на меѓународната заедница и активен учесник во напорите на светската организација за воспоставување на глобален мир, безбедност и просперитет.
„Ние остануваме со нашето присуство во мировната мисија УНИФИЛ во Либан, а во иднина ќе ги разгледаме можностите и за учество во други мисии предводени од Обединетите Нации, согласно потребите, но и нашите капацитети“, истакна министерот Јолевски. Во контекст на степенот на развој на вооружените сили, министерот Јолевски посочи дека Македонија и нејзината Армија работат согласно највисоките стандарди, особено имајќи го предвид фактот дека и НАТО-Алијансата ја има потврдено подготвеноста на Република Македонија за станување нејзин полноправен член. Наши стратегиски цели во однос на надворешната политика се членството во НАТО и во Европската унија“, посочи Јолевски.
На средбата со генералот Дејвид Петреус, инаку еден од најпознатите современи воени лидери и поранешен командант на силите ИСАФ во Авганистан, Јолевски истакна дека Македонија продолжува да биде дел од меѓународните мисии за поддршка на мирот.
„Армијата на Република Македонија учествува во новата мисија на Алијансата во Авганистан, Одлучна поддршка, и со тоа покажува дека е посветена на етаблирањето на современите вредности во оваа земја“, рече Јолевски.
Со нашето учество во мировни мисии, покажаните капацитети и континуираните развојни процеси во областа на одбраната, Република Македонија останува да биде подготвена за полноправно членство во НАТО, додаде министерот Јолевски.
Воедно, министерот ги презентираше аргументите зошто Република Македонија треба да го добие заслуженото место во НАТО-алијансата. Соговорниците разменија и мислења за актуелните геополитички безбедносни состојби во разни делови на светот.
Генералот Петреус се заблагодари за долгогодишното учество на Македонија во мировните мисии и посочи дека припадниците на Армијата на Република Македонија се вешти професионалци со високо развиени воени способности, факт кој им е добро познат на сите земјите-членки на Алијансата.
Воедно, на состанокот, министерот истакна дека Владата на Република Македонија, напорно работи на унапредување на економијата, здравството и образованието, кои се клучни сфери за развојот на државата.
„Имајќи предвид дека иднината и припаѓа на новите генерации, за Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, развојот на Воената академија е еден од основните приоритети. Нашата намера е од идниот пролетен семестар на Воената академија, половина од курсевите за трета и четврта година да бидат на англиски јазик со што ќе ја отвориме и можноста за размена на студенти и ќе ја зголемиме интероперабилноста на припадниците на АРМ“, потенцираше Јолевски.
Во рамки на посетата на САД, Јолевски во среда ќе оствари средби со повеќе сенатори и конгресмени во Вашингтон./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.