Контакт

Надворешна политика

Јолевски: СЕДМ преставува модел на успешна соработка на земјите во регионот

Објавено пред

Состанок на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ) претставува модел на успешна соработка на земјите во регионот и пошироко и прерасна во моќна алатка за воспоставување и продлабочување на соработката во одбраната, одржување на мирот и демократскиот развој на регионот, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во рамките на Сеопфатниот регионален состанок на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ) во Будва.
 

dobivaj vesti na viber

Состанок на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ) претставува модел на успешна соработка на земјите во регионот и пошироко и прерасна во моќна алатка за воспоставување и продлабочување на соработката во одбраната, одржување на мирот и демократскиот развој на регионот, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во рамките на Сеопфатниот регионален состанок на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ) во Будва.

 

 

Во тој контекст, Јолевски додаде дека примарна задача на сите земји кои се дел од СЕДМ процесот е да ја продолжат својата заложба за натамошен развој и поефикасен придонес за флексибилен одговор на сите безбедносни промени и предизвици во регионот и пошироко.

 

Регионалната соработка има голем потенцијал за заеднички развој на одбранбените способности и можности за соработка во однос на заедничка обука и едукација, вежби, проекти и учество во меѓународни операции.

 

На состанокот на СЕДМ беше потпишан и Договорот за локација на штабот на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ)  и на клучниот персонал за периодот од 2015 до 2035 година.

 

За време на Министерската конферeнција во Будва, Јолевски оствари и одвоени билатерални средби со министерот за национална одбрана на Турција, Исмет Јилмаз, и со министерката за одбрана на Црна Гора, Милица Пејановиќ Ѓуришиќ.

 

На средбата со Јилмаз, двата министра констатираа дека билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични, за што се доказ редовните средбите на највисоко ниво.

 

Соработката меѓу овие две држави во областа на одбраната е на исклучително високо ниво. Јилмаз истакна дека Турција целосно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО, и експлицитно истакна дека за поканата за членство на треба да се чека надминувањето на разликите околу името со Грција.

 

Соговорниците истакнаа дека Македонија ги исполни уште во 2008 година сите улови за членство во НАТО и оти треба што поскоро да го добие заслуженото место. Воедно, двата министра потпиша Договор за финансиска соработка меѓу Турција и Македонија.

 

На средбата со министерката Пејановиќ-Ѓуришиќ, се разговараше за евроатланските интеграции на Македонија и Црна Гора. Воедно се потпиша Анекс на Протоколот за соработка во областа на воената обука со која ќе сздаде услови за обука на пилоти од Црна Гора во Тренинг центарот во Македонија./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Скопје37 минути

Силното невреме причина за повеќе пожари во Скопје, сите се изгаснати или локализирани

Попладнево скопскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе...

Регион2 часа

(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје...

Скопје3 часа

(Фото) Скопје на удар на невреме, силен ветер, паднати дрва, пожари во делови од градот

Скопје се соочува со нестабилни временски услови во текот на денешниот ден. Во моментов, во градот дува многу силен ветер,...

Македонија4 часа

Мицкоски жестоко му одговори на Филипче: Доста беше со итроштини, народот веќе не заборава, вие продадовте сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро одговори на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за нова декларација во Собранието за...

Македонија5 часа

(Фото) Почина поранешниот директор на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски

Тажна вест ја потресе македонската здравствена јавност попладнево. Почина д-р Виктор Исјановски, психијатар и поранешен директор на Здравствен дом –...

Македонија6 часа

Уценетиот Таравари како млада невеста, не знае кој пат да го фати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уценетиот Таравари на крајот ќе се откаже од самиот себе, како млада невеста што не знае кој пат да го...

Македонија8 часа

Многу нервозни возачи на Табановце, за влез и за излез се чека околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, со суви коловози, но летните одмори предизвикуваат зголемена фреквенција на возила...

Топ8 часа

Двајца приведени за подметнување пожар кај Тиквешко езеро

Кавадаречката полиција вчера околу 19:00 часот ги приведе З.К. (33) од Бегниште, кавадаречко и И.И. (19) од Кавадарци, поради сомнение...

Економија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните имаат повеќе пари, платите растат, а инфлацијата е стабилизирана, пишува во денешното соопштение на партијата....

Македонија10 часа

Филипчe: ВМРО-ДПМНЕ се гушка со ДУИ, ние ја научивме лекцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител категорично ја отфрли тезата дека неговата партија ја рехабилитира Демократската...

Македонија10 часа

Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека институциите прават максимални напори новите измени на Законот за локална самоуправа да...

Свет11 часа

Тој е „предатор“ и „чудовиште“: Макрон со навреди кон Путин, Москва реагираше

Русија остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за, како што рече, „вулгарните навреди“ откако францускиот претседател го нарече рускиот...

Македонија12 часа

Македонија ќе ја зафати невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Македонија денеска ќе биде погодена од нестабилно време кое ќе донесе големи промени во текот на денот. Утринските часови ќе...

Топ1 ден

Маж ја тепал бремената сопруга: јa притискал за вратот и ја удирал главата од креветот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, кој е осомничен за кривично дело...

Македонија1 ден

Тројца повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ сè уште се во болница: еден во Истанбул, двајца во „Систина“

Тројца повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, при што загинаа 62 лица, веќе шести месец се на болничко лекување. Директорот...

Топ1 ден

Полово вознемирувал малолетно девојче: уапсен 75-годишен маж од Тетовско

Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово е лишен од слобода З.Б.(75) од тетовско. Тој се сомничи за сторено кривично...

Македонија1 ден

Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија

„Тоа ќе биде од големо значење за нас како држава, за Македонија како целина, бидејќи на тој начин ќе ја...

Македонија1 ден

И без документи, оние што се сомневаат дека биле непотребно оперирани нека поднесат претставка, повика Клековски

Сите што се сомневаат дека биле непотребно оперирани по скандалот дека се правеле операции на срце само за да се...

Македонија1 ден

Николоски: Почнуваме со реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка, активно се работи и на граничниот премин

Имаме рекордни инвестиции во инфраструктурата во Крива Паланка и регионот. Само преку Владата, преку двата јавни повици инвестираме преку 200...

Македонија1 ден

(Видео) Шукова: Преку БРТ-системот јавниот превоз во Скопје ќе го решиме до средината на 2028

Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот. ДПМНЕ и Арсовска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен...