Надворешна политика
Јолевски – Сиемонијак: Македонија и Полска со унапредување на соработката во одбраната
„Јас сум цврсто убеден дека билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Полска има огромен потенцијал за раст и развој“, истакна министерот за одбрана на Зоран Јолевски, кој од понеделник престојува во неколкудневна работна посета на Полска.
По средбата со својот полски колега, Томас Сиемонијак, Јолевски посочи дека Македонија и Полска соработуваат во областа на одбраната од далечната 1996 година кога беше и потпишана меѓусебната спогодба за соработка, која, пак, е трета по ред од осамостојувањето на Република Македонија и основањето на Армијата на Република Македонија.
„Тој факт го докажува пријателството меѓу Македонија и Полска“, додаде во тој контекст министерот Јолевски.
Истовремено, поврзано со стратешките определби на Македонија за станување дел од евроатлантските организации, НАТО и Европската унија, Јолевски искрено се заблагодари за поддршката која Македонија ја добива од Полска во реализација на овие цели.
Јолевски порача дека во периодот кој следи, Армијата на Република Македонија ќе се насочи кон модернизацијата и опремувањето, што и дава дополнителна тежина на посетата на одбранбените производствени капацитети на оваа земја, која ќе се реализира во рамките на престојот во Полска.
Полскиот министер за одбрана, Сиемонијак по средбата посочи дека самиот факт што министерот Јолевски на почетокот на мандатот ја посетува Варшава потврдува дека двете земји имаат блиски односи. Во контекст на евроатлантските интеграции, полскиот министер рече дека неговата земја ќе продолжи целосно да ја подржува Македонија во нејзините аспирации за членство во НАТО и ЕУ.
Сиемонијак укажа на тоа дека на средбата станало збор и за идната воена соработка, учеството на вежби, како и за моменталната безбедносна состојба во Европа и на Балканот.
Јолевски и делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во понеделник ќе остварат и средби со претседателот на Комисијата за национална одбрана во полскиот Парламент, Стефан Ниесиоловски, како и со високи претставници од Бирото за национална безбедност.
Во текот на утрешниот ден, пак, делегацијата од Македонија, освен Оперативната команда и Полскиот одбранбен холдинг, ќе ја посети и Националната одбранбена академија, која имајќи ги предвид приоритетите на Министерството за одбрана, за развој на образованието и едукацијата, е од исклучително значење за министерот Јолевски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.