Надворешна политика
Јолевски – Смит: Македонија е докажан партнер и сојузник во воспоставувањето на глобалниот мир и просперитет
Министерот за одбрана Зоран Јолевски во петок во Вашингтон оствари средба со Саманта Смит, директор за Балканот, Црноморскиот регион и Кавказот во Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски во петок во Вашингтон оствари средба со Саманта Смит, директор за Балканот, Црноморскиот регион и Кавказот во Советот за национална безбедност на Белата куќа.
На средбата министерот Јолевски укажа на потребата Република Македонија што поскоро да добие покана за станување полноправен член на Алијансата, со што значително ќе се влијае на зачувување на мирот, демократијата и просперитетот на регионот на југоисточна Европа и пошироко.
„Македонија продолжува со реформските зафати во одбраната, но и во образованието, здравството и економијата. Со учеството во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО, ООН и Европската унија, Македонија и нејзините граѓани покажуваат дека се посветени на развојот на современите вредности на глобално ниво“, посочи министерот Јолевски. Во тој контекст, додаде министерот, е и учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија во новата мисија на Алијансата „Одлучна поддршка“.
Со оваа средба министерот Јолевски ја заврши посетата на САД во чии рамки оствари значајни средби со поголем број претставници на американскиот Сенат и Конгрес, претставници на водечки и влијателни „тинк-тенк“-организации и ја пренесе пораката за потребата од што е можно побрзо зачленување на Македонија во НАТО.
Воедно министерот Јолевски оствари и средби со претставници на Командата за специјални операции на вооружените сили на САД, при што беа разгледувани идните чекори на унапредување на соработката помеѓу специјалните сили на Република Македонија и на САД./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.